Нова турска визија 10/2016

Сите иницијативи по прашањето на решавање терориозмот по пат на цивилна политика беа елиминирани од страна на терористичката организација ПКК

444795
Нова турска визија 10/2016

Проблемот со тероризмот постепено добива поразлична димензија. Сите иницијативи по прашањето на решавање на овој проблем по пат на цивилна политика беа елиминирани од страна на терористичката организација ПКК.

Заврши толеранцијата и се потроши веќе кредитот што државата и јавноста во Турција им ја покажуваа и дадоа на некои политички движења поврзани со терористичката организација за ставање крај на тероризмот.

Откако беше согледано дека не може да се постигне резултат со безбедносни мерки Владата се обиде тоа да го направи со демократски средства. Но се потрошија и овие средства. Волјата за решавање на проблемите преку цивилна политика навистина ќе претставуваше драгоцена придобивка. Можеби терористичката организација не сакаше да располагаме ниту со оваа придобивка.

Постојат две прашања кои што денеска состојбата ја прават комплексна.

Едното е тоа што патот на најприфатливото решение е отстранет, односно елиминиран од страна на терористичката организација.

Второто пак тоа што веќе е забележано, односно сфатено дека задолжителната причинска врска која што се воспоставува помеѓу терористичката организација ПКК и курдскиот народ целосно претставува сценарио.

Основното сценарио во врска со ова прашање во главите на сите нас или на секого беше следното: Поради официјалната идеологија со која располага државата се доживуваат етнички проблеми и овие проблеми го сочинуваат изворот на насилството.

Кога ќе завршат овие проблеми за кои станува збор ќе заврши и тероризмот на ПКК.

Меѓутоа и покрај тоа што тие проблеми завршија тероризмот на ПКК не заврши.

Бидејќи, терористичката ПКК беше формирана за да го спречи решавањето на курдското прашање, а не за да го реши ова прашање.

Преку ова прашање терористичката организација дојде во положба на ударна сила.

Основниот актер кој што денеска го саботира процесот на демократизација на Турција е партијата која е политички продолжеток на терористичката организација. Претходно поради тоа што немаше демократија овој проблем беше осуден на нерешавање, меѓутоа сега тероризмот се храни лично од функционирањето на демократскиот механизам. Згора на тоа и атентатите против демократијата ги извршува под маската на „демократијата и мирот“.

Турската јавност способноста за решавање на проблемите од страна на цивилната политика ја откри заедно со власта на АК Партијата. Луѓето доста го прифатија решавањето на проблемите со демократија и политика. Лично со она што го доживеаја и искусија видоа дека тоа обезбедува еден мошне значаен конфор.

Типичниот пример на ова се доживеа во сферата на совеста и особено за време на слободата на покривање на жените. Јавноста на Турција претпоставуваше дека преку политиката поаѓајќи од искуството со решавање на прашањето со покривањето на жените хиџабот како едно од најкомплицираните прашања и кое во повеќе случаи повеќе од етничката припадност се поврзуваше со постоењето на режимот, по истиот пат би можело да се реши и курдското прашање.

Меѓутоа додека луѓето гласаа за ХДП/ПКК за да се реши Курдското прашање, постоеше едно друго сценарио. Ова сценарио беше водење на народот кон нерешение.

Добро зошто?

Бидејќи терористичката организација ПКК е во потрага по одредени цели кои што никако не може да ги декларира отворено пред народот. Особено мошне е отворено дека располага со своја тајна агенда која ја крие од локалниот народ.

Да добро дали има одреден одговор што би можеле да го дадеме во име на курдскиот народ на прашањето, Што сака ПКК? Вистинската причина за тоа што не го знаеме тоа е дека ПКК седи над курдското прашање, меѓутоа истовремено и тоа дека се користи како ударна сила против Курдите и Турција која е татковина на Курдите.

Мислам дека не располагаме со доволни знаења по прашањето за тоа од чија страна и со помош на чија продолжена рака се користи терористичката организација.

Меѓутоа постои една вистина за која знаеме, а тоа е дека ПКК за да не се расформира следи стратегија која го обезбедува продолжетокот на курдскиот проблем.

Ова е нова состојба/информација и затоа е отворен фронт за борба против терористичката ПКК во две сфери. Според мене првата сфера е пресметување со оние од чија страна се користи како ударна сила, а втората е политичко-мисловната сфера.

Турција претходно против тероризмот водеше борба само со безбедносните сили. За време на владеењето на АК Партијата води борба и со посредство на демократизацијата. Во нова Турција пак мора да води борба идејно и умствено. Затоа постои потреба од екипа која ќе води идејна борба.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести