Нова турска визија 09/2016

Хаосот во изразите е да се овозможи да бидат претворени во пареа значењата кои што во суштина ги содржат изразите, а на нивно место да бидат внесени други знаци или слики

441802
Нова турска визија 09/2016

Постои еден познат збор кој му се препишува на Конфучиј, “Ако вие сакате да уништите една култура, една вера или едно верување, наместо да се борите со неја таму создадете хаос во изразите.“

Не знаеме дали навистина Конфучиј го рекол ова, меѓутоа знаеме едно, а тоа е дека хаосот во изразите е едниот од најефикасните патишта за заматување на умот на луѓето.

Хаосот во изразите е да се овозможи да бидат претворени во пареа значењата кои што во суштина ги содржат изразите, а на нивно место да бидат внесени други знаци или слики.

Познато е дека јазикот е најголемото богатство кое му е подарено на човекот. Човекот на надворешниот свет интервенира и го толкува преку јазикот. На светот му се придава значење со јазикот. И го разбираме, односно сфаќаме, и го трансформираме или конвертираме надворешниот свет.

Немам намера да навлегувам во филозофијата на јазикот, меѓутоа постоењето на одредена провалија помеѓу значењата што ги содржат изразите и симболите и предметите кои се будат во нашиот ум, значи човекот да го изгуби своето постоење.

Дури може да се каже дека неусогласеноста помеѓу изразот и објектот или нешто на што укажува претставува егзистенцијален, односно онтолошки проблем за човекот.

Врската која што човекот ја воспоставува со универзумот не е само за да се знае оваа врска. Истовремено е и да и се придаде значење.

Местото на културата, технологијата па дури и религијата во нашиот живот со кои што располагаме ги определуваме со изрази.

Односно врската помеѓу изразот и објектот трансцендентална, односно поинаку кажано производ на субјективниот ум.

Мојот учител и големец Имам Газали како личност која верува во причинската поврзаност помеѓу изразот и фактот за елиминирање на назадувањето во религијата нагласува дека постои потреба од заживување на основните изрази или концепти на религијата и чувствува потреба за вид поттикнување на ова заживување.

Она со што денеска се соочуваме и ние е навистина голем хаос од изрази.

Хаосот од изрази во сферите во врска со секојдневниот живот можеби и немаат некое влијание на елемент со кој се става крај на оној хаос во изразите, меѓутоа хаосот во основните сфери кои го определуваат погледот кон животот станува причина за создавање на длабоки процепи и провалии.

Нема да преувеличиме ако кажеме дека една значајна димензија на тероризмот со кој се соочуваме денеска е насочена кон оваа сфера.

Терористичката организација и нејзините компоненти најпрвин ги убиваат вистините во умот на луѓето, а потоа ги поставуваат своите лажни сценарија и сето тоа го прават преку одредени универзални изрази кон кои луѓето копнеат најмногу.

Терористичката организација ПКК формира таканаречен „јазик на еден нов сон“ по примерот на она за што раскажува познатиот романсиер Џорџ Орвел во романот „1984“ и со тоа оваа терористичка организација го подготвува сценариото на своите крвави сцени.

Тоа накусо се нарекува неконвенционална војна. Тоа е операција за уништување на животот, верувањето, вредностите и постоењето на човекот.

Со други зборови кажано терористичката организација онака како што некогаш успева да се провлече преку разузнавањето и безбедносните мерки, така ги мами и Курдите преку јазикот или изразите.

Терористичката организација ПКК не реализира само терористички напади за влевање страв кај луѓето, воедно води и стратегија со која се предизвикува хаос во умот на луѓето.

Така на пример израз кој што се користи најмногу од страна на терористичката организација и нејзините компоненти е демократијата и овој израз се користи само како реторика. Апсолутно не се користи за воспоставување на одредена демократска примена во вистинска смисла на зборот, одредена култура или одреден систем.

Како што е познато демократијата е најмногу употребениот израз во сите текстови и говори на терористичката организација и нејзините компоненти.

Во секоја нивна реченица се наоѓаат изразите демократија и мир, меѓутоа овој механизам кој што нема никаква врска со содржината на овие два изрази се користи за затскривање на она грозно лице на тероризмот.

Па добро што значи демократија според терористичката ПКК и нејзините компоненти?

Според нив демократија е секој (не само Курдите, туку целото човештво) под насилството на оружјето и со удари од кундаци да и се предаде на организацијата да и го предаде својот идентитетот, своето битие и својата сопствена волја.

Проценката за тоа дали ова дефинирање има одредена врска со демократијата во вистинска смисла на зборот ви ја препуштам вам.

Во изразот мир пак кој што исто така го користат најмногу ако сакате и да не навлегуваме. Немам намера со споменување на исто место со тие крволочни разбојници да го извалкам овој израз кој што располага со световност и во религиска и во филозофска смисла.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести