Нова турска визија 08/2016

ВИЗИЈАТА НА ТУРЦИЈА ВО СВЕТОТ НА ПРОМЕНИ

436820
Нова турска визија 08/2016

Пропаднаа сите проекти на социјален инженеринг

Вистинската динамика на конзервативната политика во Турција ја сочинува „општествената опозиција“. Оваа борба која што се води политички против присилните наметнувања над народот и покрај волјата на народот, е многу стара. Како што вели Џемил Мерич: „Оваа кавга е помеѓу децата на планината Олимпос и децата на планината Хира.“ Тој воедно вели дека „Децата на Олимпос никако нема да ги прифатат децата на Хира. За денешната проекција или патоказот на оваа кавга историски можеме да се вратиме наназад до Черкез Хасан и Хусејин Авни. Истата борба продолжува. Прашањето е долго, но накусо би можеле да кажеме дека на оваа географија, односно на овие простори секогаш постоела кавга помеѓу „домашното“ и сопствениците на „инженерски проекти“. Во оваа борба победници секогаш биле приврзаниците или оние на страната на инженеринг, бидејќи секогаш тие самите ги определуваа и правилата и основата на оваа борба.

Тогаш кога приврзаниците на домашното макар и тешко овозможија прифаќање на одредени стандарди за конкуренција и борба, ете тогаш работите почнаа да се променуваат.

Откако се премина кон повеќепартиски живот Народната партија на ниту еден избор не можеше да се одржи пред Демократската партија. „Стандардот и правилото“ гласачките кутии да бидат под контрола и надзор ја водеа Демократската партија кон власт.

Народот достави едно мошне едноставно барање до државата и власта: Условите и правилата на играта да бидат однапред определени. Да не се оди на промена на правилата додека играта продолжува. Натпреварот кој што почнува како фудбал сакаше да не продолжи како Рагби. Ова барање, односно барањето за определување на правилата и етичко-моралните вредности во борбата, формата и инструментите на борба, всушност ја урамнотежи асиметричната војна која продолжуваше веќе подолго време.

Оние на страната на статусквото кои ја забележаа оваа состојба за да не би ги изгубиле можностите со кои што располагаат секогаш успеаја да поседуваат со „простор“ кој ќе го ослаби својот противник. Меѓутоа се поголемите барања за демократија и промената што ја доживуваа конзервативните верници за кои станува збор, односно обидот за запознавање на новиот свет кој што би можеле да го наречеме и Анадолско просветлување и себе си да се оценат преку својот „Јас“ ги исклучи од својство да станат едноставен противник. Веќе постепено дојдоа во положба на силно политичко движење. Тоа пак природно постепено го отежна воспоставувањето на притисокот врз оваа средина преку променливите апстрактни стравови согласно времето и просторот.

Точката до која сме дојдени денеска покажува дека оние кои се стремат кон одреден социјален инженеринг се неуспешни во решавањето на проблемите на оваа земја. Оние кои одеднаш беа дојдени на одредени позиции, и изгубија, и не можеа да произведат една нова визија за иднината. Ги изгубија своите соништа кои што би можеле да им го ветат на општеството. Впрочем и поради тоа што ја изгубија политичката борба постепено се оддалечуваат да станат одлучувачки актер.

Правилата секогаш ги поставуваат победниците. Тоа секогаш е така.

Народот ја доби борбата против туторството и правилата веќе ќе ги определува народот.

Накусо кажано помеѓу двете страни кои ги нарекуваме „домашна страна“ (оние кои ја прифаќаат политиката определена од страна на културните вредности содржани од природните идентитети) и „прозападна страна“ (Турските и курдските претставници на национализмот кои го асимилирале постоечкиот природен идентитет а на негово место изградиле идентитет на национална основа) се води борба која што продолжува речиси 200 години. Денеска оваа борба убедливо ја доби домашната страна, односно народот.

Да, беше добиена една борба. Меѓутоа за да се пренесе оваа извојувана борба на наредните поколенија треба да се ориентира кон два основни простори. Едниот од нив е изградбата на моралните вредности и нивното распространување, а вториот воспоставувањето на правдата.

Треба да се формира „праведен поредок“ во вистинска смисла на зборот и да се утврди патна карта која ќе го води општеството кон иднината. Тоа претставува и историска одговорност, и хуманитарна потреба, и исламска должност, односно наредба. Во спротивно сите ние сметката поради неисполнување на оваа наша историска одговорност не можеме да ја дадеме ниту на овој, ниту на оној свет.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит


Слични вести