Раскажи ми за Исламот 07/2016

Човекот има потреба од аллаховите пејгамбери и неговите свети книги за да може да знае што му е дозволено а што му е забрането, да прави разлика меѓу доброто и лошото и да знае како да му се моли на Аллах.

435832
Раскажи ми за Исламот 07/2016

Аллах не го оставил човекот сам на светот, туку му испратил пејгамбери-пророци како негови посланици. Преку своите пејгамбери му испратил свети книги со цел да го упати на вистинскиот пат. Човекот е создаден како интелигентно суштество. Човекот има голем број способности,но и покрај тоа човекот има потреба од аллаховите пејгамбери и неговите свети книги за да може да знае што му е дозволено а што му е забрането, да прави разлика меѓу доброто и лошото и да знае како да му се моли на Аллах. Аллах во секој период од историјата на човекот има испратено свои одбрани луѓе како свои пејгамбери. За тоа пишува и во светата книга Курани керим: Ние на секој народ му испративме посланици со наредба тие кои веруваат во него да му служат и да знаат како да се однесуваат.

Семоќниот Аллах за свои пејгамбери ги има избрано луѓето кои биле најпогодни за таа света должност. Тие,пејгамберите, се или гласноговорници на Аллах или предупредувачи кои ги предупредуваат луѓето како да се однесуваат и да не претеруваат во своите дела. За тоа во Куранот се вели следното: Навистина Аллах е со самите верници. Навистина има голема корист да се испрати пророк кој ќе ги учи луѓето да читаат ајети, кој ќе ги чисти нивните души. Тие порано биле во очигледна грешка.

Пророштвото не е функција што може да се постигне со работа. Пророштвото е Божја благодет и донација. Аллах го штити од сите видови на злото својот слуга кого го избрал за оваа задача и кому му дава надлежност за да ја извршуваа оваа функција.

Семоќниот Аллах побара од нив да веруваат во сите Негови слуги, пророците. Така да, да се верува во пророците, тоа е еден од темелите на верата. Заедно со донесувањето на пророците, да веруваат во пораките кои тој ги носи од Аллах .Негирањето на пророкот, значи да се негира испраќачот. Во Куранот исто така се вели дека треба подеднакво да се верува во сите Аллахови пејграмбери без разлика кои се. Хазрети пејгамберот Мухамед (сав)во овој поглед има речено дека Аллах ги има спомнато само мал дел од пејгамберите, но секако дека за секој народ има испратено макар по еден пророк. Сите тие независно кога и каде биле испратени имале само една порака. Сите до еден се потврдиле себеси и другите, ниту еден пророк не го негирал претходниот или другиот.

Една од главните задачи и напори на пророците е да го чуваат човекот од пеколниот оган. Ова Хазрети пејграмберот Мухамед (сав) го има опишано на следниот начин : Мојата ситуација личи на ситуацијата на човекот кој се обидува да ги спаси инсектите кои горат во огнот кој што тој самиот го запалил. Јас ве држам за вашите појаси за да не паднете во пеколниот оган, а вие сакате да се спасите од мене и да изгорите во огнот.

Аллаховите пророци-пејгамбери располагаат со особини кои ги немаат обичните луѓе. Тие се луѓе со висок морал и одбрани од мноштвото. Тие располагаат со чист карактер и не скршнуваат од верата во Аллах. Секогаш повикуваат на добро и на убаво. Те се залагаат за правда, безбедност, разум, не правење грев, и пренесување на Аллаховите заповеди на луѓето.

Според Исламот пророците се луѓе кои ги пренесуваат Аллаховите заповеди на луѓето. Тие не знаат ништо друго освен она што им го вели самиот Аллах.Тие немаат сила која може да им користи или наштети на луѓето, освен чудата со кои располагаат а кои им се дадени од страна на Аллах.

Аллах им има дадено одредени чудесни својства на пејгамберите како доказ за нивното дело. На пример огнот не го изгори Хазрети Ибрахим, жезлото на Хазрети Муса од средина го преполови морето и им отвори пат на бранот бегалци. Сепак и покрај сите овие чудесни особености на пејграмберите кои што се случиле пред сведоци, сепак повремено се појавувале луѓе кои ги исмејувале пејгамберите и кои не им верувале,па дури и кои им вршеле зулуми.Тие освен тоа предничеле и во знаетите. На пример Хазрети Идриз бил шивач, Хазрети Нух бродоградител, Хазрети Давуд ковач и изработувач на воени оклопи. А Хазрети Локман исцелител кој ги лекувал луѓето.

Со самото тоа што пејгамберите биле од човечкиот род ја олеснувал нивната работа, бидејќи тие самите ја практикувале верата пред да ја објаснат верата на другите.Тие оваа мисија ја извршувале со задоволство и без очекување на било каков надоместок, само заради љубов кон семоќниот Аллах.

Тие на луѓето им дале лекции кои човештвото никогаш нема да ги заборави благодарение на надежта на Хазрети Јакуп, цврстата воља на Хазрети Јусуф, правичноста на Хазрети Муса и трпението на Хазрети Ејуб.

Со желба секогаш да бидеме на Аллаховиот пат се до последниот здив се разделуваме од вас ценети слушатели. Аллах нека биде со вас.



Слични вести