Балканска агенда 07/2016

Во 1910 година разликата во реалното ниво на приходи во Германја на лице не изнесуваше повеќе од два пати од нивото во Балканските земји. Денеска оваа разлика достигнува дури до 7 или 8 пати

435388
Балканска агенда 07/2016

Балканските земји и 2016 година ја поминуваат во економски тешкотии. Освен Грција која поради економските проблеми со кои што се соочува никако не отпаѓа од дневен ред, и во останатите земји од регионот економијата и општествените проблеми поврзани со неја продолжуваат да го зачувуваат своето место како значајна точка на дневниот ред. Народот во регионот очекува од властите да го подобрат степенот на просперитет во своите земји. Во таа насока лидерите на сите Балкански земји даваат пораки во правец на тоа дека во наредниот период повеќе ќе се фокусираат на економијата.

Во 1910 година разликата во реалното ниво на приходи во Германја на лице не изнесуваше повеќе од два пати од нивото во Балканските земји. Денеска оваа разлика достигнува дури до 7 или 8 пати. Од друга страна според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нивото на вкупниот бруто домашен производ пресметан со паритетот на куповната моќ на 10 Балкански земји во 2015 година изнесуваше некаде околу 85-отсто од бруто домашниот производ на Турција пресметан според истиот метод. Оваа констатација сама по себе укажува на нискиот степен на просперитет во Балканските земји.

Нискиот просперитет во Балканските земји се должи на голем број причини. Пред се војните кои што беа водени во 1990-сетите години на просторите на поранешна Југославија беа причина за значајни економски штети и трошење во значителна мера на изворите кои што би можеле да се искористат во инвестирањата во регионот. На пример директната и индиректната штета и разрушувања во годините на војната врз економијата на Босна и Херцеговина се опретпоставува дека изнесуваа околу 115 милијарди долари. На крајот на војната во Босна реалното ниво на бруто домашниот производ на оваа земја изнесуваше само околу 20-отсто од она пред војната. Штетата предизвикана од интервенцијата на НАТО во 1999 година врз Србија пак врз индустријата и инфраструктурата на оваа земја е пресметана на околу 29,6 милијарди долари. Војните кои што беа доживеани на просторите на поранешна Југославија во 1990-сетите години имаа големо влијание и на структурата на населението, односно демографијата во Балканските земји. Војните освен тоа што беа причина за смртта на стотици илјади луѓе, воедно приближно 3 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да станат бегалци. Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци приближно 450 илјади луѓе кои имаат статус на бегалци и кои биле принудени да ги напуштат своите домови во земјите од Западен Балкан продолжуваат да чекаат за изнаоѓање на потрајни решенија за нив.

Освен поради војните и судирите 1990-сетите години беа години на економско назадување на Балканот и поради одредени други причини. Процесот на економски развој на Балканските земји беше подложен на негативно влијание и поради фактори како што беа недоволната развиеност на институциите кои ќе овозможат профункционирање на пазарната економија, ограниченоста на економската слобода, непродуктивните инвестирања, непродуктивното искористување на донациите, доцнењето во приватизацијата и тоа што повеќе од економските цели им беше придаден приоритет на политичките цели. Имено и покрај тоа што Албанија, Бугарија и Романија останаа надвор од оние воени авантури поради политичката и економската нестабилност дури и денеска степенот на просперитет во овие земји е на ниско ниво.

Периодот од 2000 до 2008 година е период на заживување во економиите на Балканските земји. Во овој период просечниот реален раст на бруто домашниот производ на Балканските земји се движеше на ниво од околу 5-отсто, меѓутоа процентот на невработеност продолжи да се движи на високо ниво. Почнувајќи до 2009 година пак негативните влијанија на глобалната економска криза почнаа да се одразуваат и на земјите од регионот. Овие негативни влијание во Балканските земји се чувствуваат дури и денеска.

За да се разбере подобро на кое ниво се наоѓа просперитетот во Балканските земји ќе биде од корист да се направи споредба помеѓу бруто домашниот производ кој се паѓа на жител пресметан со паритетот на куповната моќ во овие земји со нивото на просечниот просперитет на 28 земји членки на ЕУ. Имено просекот на нивото на бруто домашниот производ кој им се паѓаше на Балканските земји со исклучок на Грција во 2015 година изнесуваше приближно 40-отсто од истиот просек на 28 земји на ЕУ. Како што може да се разбере од ова Балканските земји реално располагаат со понизок процент на бруто домашен производ по жител од околу 60-отсто споредено со просекот на земјите членки на ЕУ.

Балканските земји не располагаат со хомогена структура меѓусебе од аспект на процентот на бруто домашниот производ на жител. Имено кога ќе се погледне кон уделот во вкупниот бруто домашен производ на 10 Балкански земји сметано со паритетот на куповната моќ се согледува дека Романија располага со 31-отсто, Грција 29-отсто, Бугарија 11-отсто, Србија 9-отсто и Хрватска со 8-отсто. Косово, Црна Гора, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина пак ги споделуваат приближно останатите 12-отсто од бруто домашниот производ на регионот.

Поради нискиот просперитет во Балканските земји лидерите во регионот при определување на економските политики не треба да размислуваат краткорочно и треба да се воздржуваат од применувања кои обезбедуваат привремени решенија. Наместо тоа ќе биде од корист да се определуваат политики кои го забрзуваат економското опоравување и целат кон долгорочен висок процент на раст.

Автор на програмата: Д-р Ерхан Турбедар



Слични вести