Проценка на Блискоисточната политика во последниот период

Да се располага со власт, но притоа да не се биде моќен. Оваа мера е мошне тенка линија и е едниот од најзначајните проблеми и денеска...

432531
Проценка на Блискоисточната политика во последниот период

Познатиот германски политиколог Карл Шмит вели дека помеѓу политиката и теологијата постои онтолошко роднинство, па дури и основните концепти со кои располага политичката наука е инспирирана од теологијата. Шмит исто така и власта како политичка практика ја оценува како „надлежност за утврдување на норма“. Власта е моќ за утврдување на исклучокот.

Работата да се одлучи кој е нормален, а кон ненормален можеби е едното од прашањата со кои човештвото се бавело најмногу. Имено пред нас се наоѓа како скала која ги утврдува речиси сите форми на однос од „нормалност“ или правото на нормите до моралот и од управата до односите меѓу луѓето. Според Шмит власта го утврдува и ова правило.

Власта е невидлива моќ, има низа инструменти и агенти. Не знам дали е можно власта да се доведе до независност од самата себе, меѓутоа знаеме дека Хазрети Омер на валиите кои ги назначуваше особено им советуваше да „не бидат моќни“, односно да управуваат со правда, а не со моќ или сила.

Да се располага со власт, но притоа да не се биде моќен. Оваа мера е мошне тенка линија и е едниот од најзначајните проблеми и денеска. Имено во дискусиите кои што се водат околу слободата на човекот како да се наоѓаме во свет кој не признава „вредност“ и „граница“.

Збогатувањето на човековата суштина, односно слободата се оценува над сите вредности. Можеби и треба да е така, меѓутоа која е суштината со која располага човекот и истовремено како ќе се збогати оваа суштина се утврдува лично од страна на оваа дискусија.

Тогаш главното тело на механизмот на управување кој што постои денеска ја утврдува надлежноста за утврдување на норма, што пак истовремено го одразува и импулсот на бунтување против создателот.

Во нашата традиција не е значаен начинот на управување, туку значајни се основните принципи на кои се потпира ова управување. Она што е идеално за јавната администрација е да се биде праведен. Да се воспостави правдата.

Всушност едниот од најголемите копнежи на човештвото е да формира систем кој ќе ја воспостави правдата. Правдата која значи се да биде на свое место, онака како што треба, е и техничко прашање и метафизичка свест.

Правдата е најосновниот слоган на исламската традиција. Негативните услови во кои што се наоѓаме денеска апсолутно се привремена, односно минлива состојба и не се детерминирачка или одлучувачка динамика за нас освен тоа што се вид испит.

Манифестацијата на правдата за муслиманите не е одредена примена само во врска со управата. Дури е вредност која понекогаш ги опфаќа и неживите суштества. Така едниот од најубавите примери е и писмото кое Хазрети Омер го испраќа до реката Нил во својство на поддршка на својот валија кој се противи на египетскиот народ поради тоа што за зголемување на нивото на водата на оваа река секоја година жртвува по едно невино дете. Хазрети Омер во ова негово писмо до Нил вели: „Од емирот на муслиманите и робот на Аллах Омер до реката Нил... Еј Нил! Ако ти се однесуваш самоволно престани да течеш. Но доколку твоите води ги збогатува Аллах, како единствена и апсолутна моќ, ние ќе му се молиме на Аллах кој ја има таа моќ и сила да ги збогати твоите води.“

Тој (Аллах) е сопственикот и на законите на природата и на законите кон кои се придржува општеството.

Модерниот свет со самодовербата со која најпрвин ги запоседна законите на природата, а потоа основните динамики на општествената структура е впуштен кон авантура за утврдување на соодветна „нормалност“. Исклучокот го утврдува преку политиката. Не би сакал да наведам преувеличен израз, но она што се сака да се направи е вид обид да се воспостави роднинска врска помеѓу политичката институција и бог.

Бидејќи она што е суштинско во политичките теории кои денеска ја сочинуваат западната мисла не е само утврдувањето на норма. Постои доминација која го надминува и тоа. Преовладува сколастиката која не дозволува да се воспостави одредена врска со вистината ниту колку врвот на игла на мислите кои не алудираат на западната филозофија.

Западот кој себе си се оценува како единствен критериум на сета реалност, особено за исламскиот свет и општо за сите источни општества, и го утврдува односно поставува правилото и тврди дека е господар.

Отворено стои дека ќе се обидат да го елиминираат секој оној актер кој ќе ја поремети оваа „рамнотежа“.

Автор на коментарот: Проф. д-р Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести