Нова турска визија 05/2016

Во овој период кога оската на светот почна да се поместува кон една нова средина ниту еден актер не говори за правдата, правичноста и универзалните човечки вредности

426906
Нова турска визија 05/2016

Од почетокот на народните протести кои што започнаа по обидот за самозапалување на младиот туниски продавач на улица Тарик Ел Тајјиб Мухаммед Буазизи на 17 декември 2010 година до денеска се доживуваат мошне значајни промени како на Блискиот исток, така и општо во светот.

Сиве овие промени би можеле да ги прочитаме во еден заеднички именител и тоа како ремоделирање или повторно обликување на рамнотежата на „моќта на светот“.

Во периодите на судир на рамнотежите на моќ природно се забележува дека се изоставуваат од вид голем број земји. Во овој период кога оската на светот почна да се поместува кон една нова средина ниту еден актер не говори за правдата, правичноста и универзалните човечки вредности. Несомнено се формира еден нов свет и за жал не се очекува овој нов свет да биде поправеден. Впрочем случувањата се обликуваат од страна на политика обликувана од идеологии кои се хранат од една филозофија со двоен стандард.
Предлозите, односно пропозициите или поинаку кажано речениците чија точност е прифатена однапред, кои ја сочинуваат средината на мислата на модерниот свет и оние кои ја формираат мислата на денешниот свет се исти.

Она што се менува се само културните кодови. Не станува збор за било каква промена во мислата, филозофијата и основните приоди.

Меѓутоа проблемите кои што ги доживуваме денеска се должат на точно ова сфаќање со кое ионака модерната мисла го оддалечува човекот од метафизиката и го сведува на еднодимензионално суштество.

Лично го доживуваме и гледаме како и Турција самата и нејзиното поблиско опкружување односно Блискиот исток се изложени на влијанието на овој двоен стандард од неколку аспекти.

Во беспринципна и двојно стандардна средина Турција релативно се соочува со поголеми тешкотии. Во тој случај и во моментот кога се бунтува постои сојуз кој сака да и ја наплати сметката на ова бунтување.

Од сето ова што го кажавме се гледа дека на оваа географија не владеат вредностите кои што човекот го прават човек, туку спротивно на тоа владеат интереси кои што човекот го оддалечуваат од неговото сопствено битие.

Постои еден систем кој што го гуши секој чекор што се фрла за бунтување и иницирање на промена.

Ако е така треба да се подготви проект за човекот.

Се додека не се промени мислата не може само по себе да дојде и до трајна промена на практикувањата во секојдневниот живот.

Социологијата на знаењето ги испитува информацискиот систем, видот на знаење и врската помеѓу општеството. Мисла која што преовладува по ова прашање е во правец на тоа дека информацискиот систем постепено се трансформира во карактер кај луѓето.
Од смртта на Буазизи до денеска секој води борба колку би можел да опстои во склопот на новиот систем што ќе се формира.

Основниот принцип на системот на надворешната политика во светот е тоа што она што се говори и применува е целосно различно едно од друго.

Оваа состојба е едната од основните причини на голем број човечки драми кои што во моментов се доживуваат. Да се признае тоа претставува основна задача на човекот.
Реченицата „Светот е поголем од пет“ всушност претставува противење или спротивставување на овој механизам.

Се знае и тоа дека постои и сметка која што треба да се плати поради ова противење.
Како да постои една тајна рака која со посредство на терористичките акции кои што се реализираат денеска сакаат да не одвратат од овој став.

Меѓутоа тој систем не функционира и се формира еден нов свет.

Симетријата на борбата што се води помеѓу оние на страната на статус квото кои сакаат да го зачуваат досегашниот систем и оние кои сакаат да се формира еден нов свет се доживува и во Турција.

Турција располага со општествена чувствителност со која уште од минатото води борба по ова прашање.

Оваа чувствителност располага со потенцијал да се преобрази во одреден систем.
Турција има за цел оваа општествена чувствителност со која располага да ја преобрази во политички проект и да овозможи нејзино рефлектирање на управата.

Благодарение на овие политики на обнова и напори со кои располага, Турција не е подложена на негативно влијание од овие промени кои што започнаа со Буазизи.

Таа сонува за формирање на систем кој што уште отсега ќе може да ги прекине и другите негативности кои што би можеле да се доживеат и во иднина.

Сонот на Турција е оваа географија да ја претвори во остров на правдата.

Секако дека нема да биде лесно да се оствари овој сон.

Турција води напори за да стане земја во која различностите ќе живеат заедно во мир и братство.

Денеска во нашата географија се доживуваат крајно значајни и обемни промени.
Овој процес е крајно критичен Турција да стане актер на иднината во оваа географија.

Автор на коментарот: Професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести