Нова турска визија 04/2016

Турција е една од земјите кои најмногу се подложени на влијанието на промените кои што се случуваат во нејзината географија, односно нејзниното опкружување

426865
Нова турска визија 04/2016

Модернизацијата всушност значи обнова. Концептот обнова пак сосема природно во човечката свест буди позитивен имиџ. Затоа за секоја општествена промена постојат општи факти кои што повторно се оформуваат во човечката свест. Еден од тие општи факти е и во правец на тоа дека промената истовремено значи напредок. Меѓутоа историјата на општестваната промена ни покажува дека секоја промена не значи или не претставува напредок.

Несомнено општеството е динамична структура која постојано се менува. Дури во врска со тоа се вели дека единственото она што не се менува е самата промена. Познато е дека прашањето со промената се поставува на дневен ред и се дискутира уште од античко време па се до денеска. Античкиот филозоф Хераклит од Ефес вели „Не може два пати да се влезе во иста река, бидејќи тече нова вода“ што пак е во својство на резиме на ова прашање дури од тоа време. Овој збор на Хераклит не подучува дека во реките непрестано дотечуваат други води. Во мигот кога сме стапнале во реката веќе протекле старите води и надоаѓаат нови. Односно во животот постојано се се менува.

Може да се говори за низа динамики на опшштествената промена, меѓутоа во основа може да се изнесат два најопшти фактори.

Едниот од тие фактори се внатрешните, а вториот надворешните динамки.

Познато е дека динамиката и на двете промени имаат и свои природни влијанија и свои влијанија кои што се потпираат на сила и притисок.

Општествата или се менуваат по пат на природни фактори или пак со надворешни интервенции кои што се вршат со посредство на различни инструменти на претходно испланиран начин.

Ете политиката точно значи контролирање на оваа промена. Во тие рамки би можеле да ја прочитаме и дефиницијата која се изнесува како управување со конфликтите, а која постои во општествената сфера.

Турција е една од земјите кои најмногу се подложени на влијанието на промените кои што се случуваат во нејзината географија, односно нејзниното опкружување.

Затоа Таа мора да располага со силна политичка структура.

За да се располага со силна политичка структура пак треба да се располага со здрава функционална демокрaтија и голема економија.

Зголемувањето само на економскиот просперитет не може да обезбеди зајакнување на политиката.

Политиката би можеле да ја зајакнеме како по пат на унапредување на демократијата, така и по пат на зајакнување на економијата.

Турција за контролирање на промените на овие простори (на оваа географија) и за предвидување на насоката на овие промени денеска води уште поинтензивна борба со што пак би располагала и со силна политичка структура.

Политиката е уметност за носење или пренесување на општеството во положба за која што се верува дека е подобра. Значи управување со конфликтите или судирите кои што постојат во општеството и институционализирање на механизмот кој што би обезбедил можност за активирање на овие конфликти. Секако политиката е да се управува, но добро да се управува. Основниот услов за добро управување или раководење е вклучување на секој актер во системот, а единствениот пат за тоа е демократијата.

Во тој случај Турција за да ги реши своите присутни основни проблеми во согласност со принципот на композитни елементи освен тоа што треба да ја зајакне демократијата треба да располага и со силна економија и политички систем со кој може добро да се управува.
Не е лесно да да воспостави целата оваа равенка, меѓутоа пред се значајна придобивка е да се знае природата на промената.

Нова Турција следи силна политика со која фрла чекори знаејќи притоа во која насока оди светот и чекори на патот да стане актер кој што нема да заостанува зад светот.

Во повеќе случаи политиката во Турција се оценува како негативно занимање или професија. Но тоа не е точно. Политиката е единствениот пат за услуга на народот. Оние кои не и придаваат важност на политиката или ја потценуваат, или не се добронамерни или пак не се информирани за тоа како функционира овој систем.

Се мисли дека во основа ривалските актери за да го принудат својот противник да остане надвор од системот развиваат антиполитичка реторика. Меѓутоа еден здрав механизам е оној кон располага со надлежност или умешност да може да го внесе или вклучи во себе секој актер.

Политиката е драгоцена и значајна како институција која на основа на заедничкиот именител на општествената легатимност ги решава постоечките проблеми или недоразбирања во секоја сфера, почнувајќи од етничките проблеми со неправедностите во распределбата на приходите, и од изнаоѓање решение за проблемите на обесправените средини до надворешната политика.

Да се зајакне политиката значи секој мал или голем актер во општествената структура да биде доведен во положба на дел од системот или да биде внесен во центарот на тој систем. Значи јавната администрација да биде извадена од сфера надвор од човекот и единката.

Турција долго време располагаше со јавна функционалност која беше независна од единките, односно граѓаните. Речиси беше замислен државен механизам без човекот, односно во кој нема да го има човекот. Оваа состојба природно обезбеди единките или личностите да се чувствуваат себе си надвор и отежнуваше да ги присвојат државата и општеството, односно на нив да гледаат како на свои.

Турција од државна структура која се состои од неколку ривалски сфери или актери се развива кон механизми усогласени еден со друг и вовлечени еден во друг.

Да се формира односно воспостави систем во кој секој актер ќе смета дека е дел од него претставува една крајно нова состојба за Турција.

Нова Турција води обид за развивање на политика која ќе ја идеализира усогласеноста меѓу државата, општеството и бирократијата. Вистинското прашање кое што го определува овој обид се динамиките на општествена промена. Да се знаат овие динамики значи да се биде вклучен во тој процес.

Автор на коментарот: Професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести