Нова турска визија 03/2016

Општеството кое нема своја перспектива за иднината не може да реши ниту еден проблем и не може да реализира и нови остварувања. Најзначаен елемент пак кој ги прави општествата динамични е да имаат свој сон...

426782
Нова турска визија 03/2016

Турција е приморена да реализира одреден инфраструктурен труд за решавање на основните општествени и бирократски проблеми со кои што располага.

За да би се постигнал одреден напредок по ова прашање треба да се воспостави трансформација во општествената свест, да бидат доведени во доволна состојба техничките можности и како последно да постои визија за иднината. Општеството кое нема своја перспектива за иднината не може да реши ниту еден проблем. Исто така не може да реализира и нови остварувања. Најзначаен елемент кој ги прави општествата динамични е да имаат свој сон. Мартин Лутер Кинг стави крај на расната дискриминација во Америка со сонот што го врежа во срцата и мислите на црнците.

Организацијата наречена држава е институција формирана за намирање на потребите на единките во општествената сфера. Доколку оваа структура содржи специјална идеологија тоа станува причина за серозни проблеми. Имено повеќето од државите кои што беа формирани по Првата светска војна над национална идеологија потоа беа приморени да се откажат од оваа нивна структура. Бидејќи националната идеологија на крај беше оформена спротивставувајќи им се на мултинационалните империи и кралства.

Националноста сочинуваше значајна инфраструктура за идејата на униформизација и тоа спротивно или алтернатива на мултилатерализмот или плурализмот.

Националните држави вложија мошне големи напори за заоблување односно поедноставување на разликите со кои што природно располагаа. Во основа државите по Првата светска војна развиваа политики и следеа стратегии можеби најмногу во сферите на асимилацијата и интеграцијата.

Потоа промените во светот ги вродија разноликувањата (диференцијациите) и во ова сфера, односно и во структурата на официјалните идеологии на државите. Дури голем број држави одбија да располагаат со една оригинална (уникатна) официјална идеологија и преминаа кон еден поразичен политички механизам.

Заедно со распаѓањето на источниот блок промената во светот се помести кон локалноста и локалните динамики.

Локалните култури, верувањата и идентитетите почнаа да стануваат значајна референца за луѓето.

Оваа состојба го постави на дневен ред можеби и едното од најпротивречните и тешки прашања на модерните времиња.

Од една страна луѓето кои со активирањето на постоечката техника и комуникација почнаа да личат едни на други во новиот свет кој се претвори во глобално село истовремено сакаа да го истакнат и своето сопствено уникатно присуство.

Единките поради тоа што ги користеа истите технологии на знаења кои што почнаа постепено да се распространуваат во целиот свет и исто така гледаа со ист метод кон светот, почнаа да личат едни на други. Оваа состојба се преобрази во анафора која им се заканува на оригиналните (уникатните) идентитети и постоење на лицата. Единките пред овој ризик насочен кон личностите и идентитетите можеби во повеќе случаи и несовесно почнаа уште повеќе да ги ценат или да им придаваат значење на сопствените оригинални (уникатни) идентитети.

Овие безизлезни состојби помеѓу единките и модернизацијата и единките и државите во свет на денешни услови се настојува да се надминат со основни општествени договори и устави кои се потпираат на принципите на универзалното право.

Ете модерниот свет овие противречности или контрадикторности ги надмина со духот на законите кои се внесени во своите устави, а кои претставуваат по еден општествен договор во вистинска смисла на зборот. Своите намери за слобода и транспарентност кои ги надминуваат постоечките текстови ги доведоа во положба на основен принцип во јавната администрација. Дали ние тоа би можеле да го наречеме нов свет? Секако дека би можеле и основниот приод на новиот свет е да се успее да се раководи со противречностите или контрадикторностите пред истите да се преобразат во одреден конфликт.

Не треба да се заборави дека историјата на човештвото истовремено е историја на конфликти и противречности или контрадикторности. Меѓутоа секоја противречност секако и не треба и не мора да се преобрази во конфликт. Ионака волшебното присуство на човештвото во овој свет значи да се управува и организира со противречностите пред истите да се преобразат во крвави конфликти.

Поради тоа најдобра држава е онаа држава која одигрува улога на арбитер меѓу различностите. Исто така и основните принципи и функционирањето на државите покажуваат дали ги исполнуваат или не ги исполнуваат барањата и потребите на луѓето со демократски и транспарентни патишта.

Дури ова прашање се изнесува и со концептот општествен договор за кој што претходно се дикутираше. Веќе уставите на државите се во сила или значење на договор за компромис, односно согласност помеѓу државата и општеството.

Во периодот во кој живееме освен уставите почнаа да добиваат големо значење истовремено и договорите за основање.

Основна цел на сиве овие меморандуми за разбирање или записници и устави или договори е да се стави крај на самоволните применувања.

Да се спречи државата да излезе вон законите и кривичната санкција против граѓаните кои не се придржуваат кон законите да ги применува во име на народот или општеството.
Турција во речиси ниту еден период во својата историја не можеше да подготви устав земајќи ги во предвид општествените барања и избори или параметри.

Треба да се знае дека доколку една земја не располага со свој оригинален устав подготвен од страна на нејзиниот народ и не располага со свој документ за основање или формирање, општествените проблеми во таа земја се настојува да се решат по пат на бирократија, а не со механизми во кои е одразена или претставена волјата на народот. Имено и во нашата земја во последните неколку години почна да заживува идејата и да се прифаќа дека најдревните проблеми треба да се решат по пат на цивилната политика.

Ќе се сетиме дека курдското прашање кое во основа е општествено-политички проблем долго време беше прашање кое што политичките актери немаа храброст ниту да го изговорат.

Ете Нова Турција, истовремено е сон на една земја која своите проблеми ги решава по пат на цивилната политика, во која различностите живеат заеднички во соживот во мир и во братство и позначајно од сето тоа е сон на земја која успеала да го подготви сопствениот устав...

Автор на коментарот: Професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести