Нова турска визија 02/2016

Турција многу скапо ја плати и продолжува да ја плаќа сметката на заостанувањето зад историјата уште од последниот период на Османлиската држава и сега е во потрага по развивање на стратегија со која нема повеќе да заостанува

423054
Нова турска визија 02/2016

Денеска во светот се доживуваат крајно брзи промени. Во првата четвртина од овој век беа доживеани многу поголем број промени од промените кои што беа доживени во текот на целиот претходен век, односно во текот на целиот 19-ти век. Истите изуми кои што се реализираат еднаш во еден век беа остварени еднаш на 10 години. Промените и техничките изуми во последно време се здобија со критично и ефикасно место во нашиот живот дури можеби колку оние кои беа откриени од страна на човештвото до денеска.
Сметката за заостанувањето од брзината на промените во светот се зголеми уште повеќе во споредба со минатото. Земјите кои својата индустријализација не можеа да ја трансформираат во согласност со денешните услови не можеа да го реализираат и урамнотежениот и просперитарен развој. Земјите кои не можеа да го реализираат својот развој не можеа да воспостават ниту еден праведен систем. Секогаш останаа приморени да се справат и со политичките проблеми и со екномските кризи. За жал нашата земја по последниот период од Османлиската држава општо гледано заостана зад промените во светот. Задоцни во техничката промена и во индустриската револуција. Задоцни во изградбата на модерните институционални градби. Односно доцна се модернизираше. Природното рефлектирање на ова доцнење пак беше назадувањето или неразвиеноста. Се повлече во својата корупка и остана вон историјата. Секогаш остана далеку од доловување на времето.

Турција многу скапо ја плати и продолжува да ја плаќа сметката на ова заостанување зад историјата. Сега е во потрага по развивање на стратегија со која нема повеќе да заостанува. За да би можела да го постигне тоа пак најзначајната работа која што треба да ја направи е да постави или изнесе една нова визија. Во центарот на оваа нова визија се наоѓа реставрацијата на сите доживеани негативности.

Новата турска визија всушност значи повторна реализација со можностите кои што ги обезбедува историското и општественото наследство со кои што располагаат развојот, демократијата и производството. При водење на овие напори значи реставрација и на оштетените сфери. Односно нова Турција истовремено е проект на реставрација.
Тоа значи елиминирање на сите досега доживеани негативности со една сопствена визија и истовремено надминување или поправање на сите оштетувања предизвикани од овие негативности.

Анадолскиот човек по распаѓањето на Османлиската држава покажувајќи пример на големо јунаштво ја водеше народноослободителната војна и под многу тешки услови и во големи невозможности ја спаси својата татковина, меѓутоа беше поразен пред промените кои што во тоа време се одвиваа во светот. Не можеше да ја реализира индустриската револуција. Не можеше да ја воспостави индустриската трансформација. Не успеа да го реализира економскиот раст. Згора на тоа секогаш заостана зад сиве овие промени кои што се случуваа. Ова чувство на заостанатост вроди една голема истоштеност. Нашиот народ дојде во положба на општество кое постепено се повеќе ја губеше самодовербата.

Ако можеме да го поедноставиме сето тоа Турција заостана зад светот. Оваа состојба кај одреден дел од општеството стана причина за појава на чувство на еден мошне длабок пораз. Всушност ја доби тешката борба, а беше поразен на лесен начин. Тоа стана причина за појава на една голема траума.

И покрај тоа што политичкиот систем во светот е во постојана промена и обнова ние сме општество кое гледа малку поразлично кон оваа појава или овој факт. Според нас историјата е процес во кој се случуваат моментни или ненадејни прекршувања. Стануваме едно утро и гледаме дека една епоха е отворена, а една епоха е затворена. Овој приод всушност во себе содржи едно сфаќање кое станува причина да се изостави општественото планирање.

Основната референца која ја формира инфраструктурата на модерната мисла како што вели и Макс Вебер е пресметливата рационалност.

Планирањето истовремено е процес кој учи да се анализираат и решаваат проблемите.
Реализирањето на сето ова не е можно со една конзервативна бирократска структура. Треба да преовладее едно ново сфаќање или разбирање. Постои потреба од еден нов модел на влада, една нова визија за иднината, една нова екипа и природно една нова возбуда.

Накусо кажано нова Турција е географија на идеали. Тоа е стремеж или копнеж на оние кои истата географија ја оценуваат како својат татковина.

Нова Турција е географија на правдата.

Да се води напор за земја во која различностите ќе живеат заедно во соживот во мир и братство.

Периодите на промени природно ги распламтуваат и дискусиите во политичката сфера. Секоја политичка мисла и секој политички актер всушност сака да си воспостави сфера за сопствената иднина на раскрсниците на овие промени. Општествата и државите кои во моментите кога се случуваат промените заостануваат зад историјата се осудени на одредена судбина се до моментите кога повторно се случуваат одредени други големи промени. Нивните желби за промена на овие нивни судбини можат да се остварат само во текот на една нова голема промена.

Денеска во нашата географија се доживуваат крајно значајни и обемни промени. Овој процес е од крајно критично значење Турција да дојде во положба на актер на иднината на овие простори. Во тој контекст Турција само со нови хоризонти би можела да биде детерминирачки актер. Воспоставувањето на равенката на новиот свет, новиот блиски исток и на нова Турција е можно само со една иноваторска политика која ќе располага со цврста потпора. Да се иновира или обнови политиката значи нови задачи кои што општеството му ги налага на политичкиот механизам.

Патот што води кон изнаоѓање решение за способноста на политиката за решавање на проблемите директно е поврзан со улогата што и се налага од страна на општеството. Тоа пак ја содржи замислата за визија за иднината и цивилизација.

Нова Турција е сон кој што го рефлектира стремежот сите општествени институции своите функции да ги исполнуваат во правец на сопствените цели. Имено сите ние сме во потрага по еден таков сон.

Автор на коментарот: Професор доктор Мазхар Багли од Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот Јилдирим Бејазит



Слични вести