Кус историјат на регионалната соработка на Балканот

Заедно со започнувањето на процесите за демократизација на Балканот кон крајот на 1980-ите години почнаа да се даваат и првите сигнали на регионалната соработка

423053
Кус историјат на регионалната соработка на Балканот

Меѓу најзначајните елементи кои што ја подготвуваат одновата на регионалната соработка на Балканот би можеле да ги наброеме заедничката историја на регионалните земји, заедничкото централистичко планирано минато, географската блискост, сличниот степен на економски развој и сличните надворешно политички избори. Заедно со започнувањето на процесите за демократизација на Балканот кон крајот на 1980-ите години почнаа да се даваат и првите сигнали на регионалната соработка. Меѓутоа крвавото расформирање на Титова Југославија; присилното депортирање на стотици илјади Турци од страна на Бугарија покажаа дека Балканот сеуште не е подготвен за регионална соработка.

Централно-европската иницијатива (CEI) е најстара иницијатива за регионална соработка која го засега Балканот. Оваа иницијатива чии темели беа поставени во ноември 1989 година најпрвин ги опфати земјите од Централна Европа, а потоа се отвори и кон Балканските земји. Своите врати за Балканските земји ги отоври и Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) чии темели беа поставени на иницијатива на Турција во 1992. Всушност темелите на повеќето од регионалните иницијативи на Балканот беа поставени во периодот од 1996 до 1999 година. На пример во 1996 година беше формиран Процесот за соработка на Југоисточна Европа (SEECP) чиј предводник беше Бугарија. Анкара му придава посебно значење на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (SEECP) каде што сите Балкански земји се полноправни членки, а поради тоа што го претставува оригиналниот глас на целиот регион. Една друга иницијатива чии темели беа поставени во 1996 година е Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (SECI) која инаку е проект на американската администрација. Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP) пак кој под водство на Германија почна да делува во јуни 1999 година беше од посебно значење од аспект на Балканот.

Благодарение на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP) меѓународната заедница ја напушти стратегијата на интервенција на кризите на Балканот и ја воведе стратегијата за спречување на нови кризи. Над 40 земји и организации презедоа одредени улоги во склопот на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP). За време на своето приближно 9 годишно делување Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP) разви политичка и економска соработка меѓу земјите на Балканот, ја започна соработката во сфери како што беа енергијата и социјалните политики, а разви заеднички став и по прашањата на организираниот криминал и илегалната миграција. Пактот освен тоа што ја поттикна регионалната соработка на Балканот водеше лоби активности кај ЕУ и некои други меѓународни организации и општо ги бранеше интересите на регионот.

Едниот од најголемите придонеси на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP) во врска со воспоставувањето на економските врски меѓу Балканските земји е формирањето на Централноевропскиот договор за слободна трговија ЦЕФТА во 2006 година. Меѓу Балканските земји најпрвин во 2001 година беше потпишан меморандум за либерализација на трговијата, потоа беа потпишани 32 договори за слободна трговија, а на крајот на 19 декември 2006 година во Букурешт беа поставени темелите на ЦЕФТА 2006-та со која се имаше за цел да се формира целосно слободна трговска зона. Членки на Централноевропскиот договор за слободна трговија ЦЕФТА 2006-та се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Молдавија и Србија. Овие земји опфаќаат географија која брои приближно 30 милиони жители и се верува дека ќе овозможи регионот да биде доведен во попривлечна состојба за инвеститорите.

Значаен настан кој што се случи во февруари 2008 година е официјалното функционирање на Советот за регионална соработка (RCC) и тоа на местото на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP). Функционерите на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (SP) беа со седиште во Букурешт, додека за седиште на Советот за регионална соработка (RCC) беше избрано Сараево, главен град за кој би можело да се рече дека се наоѓа во срцето на регионот. Со други зборови кажано со формирањето на Советот за регионална соработка (RCC) 12 земји во регионот целосно ја зедоа под контрола управата за регионална соработка. Според некои благодарение на Советот за регионална соработка (RCC) Балканот е излезен од пасивен актер кој што ги применува политиките кои што се подготвуваат од страна на други и е дојден во положба на актер кој што почна да води активна политика. Меѓу задачите на Советот за регионална соработка (RCC) се наоѓаат прашања како што се воспоставување на социоекономската соработка меѓу Балканските земји, водење на инфраструктурните активности и развивање на регионалната трговија. Во меѓувреме Процесот за соработка на Југоисточна Европа (SEECP) во координација со Советот за регионална соработка (RCC) продолжува да претставува значајна платформа за продолжување на политичкиот дијалог меѓу Балканските земји.

Ако може да се направи една општа констатација денеска регионалната соработка на Балканот се води во еден широк опсег и тоа билатерално и мултилатерално во институционална смисла и на база на секторални и специфични проблеми во функционална смисла. Мултилатералната соработка меѓу Балканските земји освен во рамките на досега наведените иницијативи за регионална соработка воедно се води и во рамките на организации како што се Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОН. Основни примери на соработка на секторална база се соработката во сферите на транспортот и енергијата и слободната трговија. Меѓу примерите на соработка на база на специфични проблеми пак се борбата против организираниот криминал, како и соработката меѓу локалните власти, трговските комори, граѓанските организации и академските средини. Во наредниот период регионалната соработка на Балканот се очекува да дојде во уште позначајна положба.

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести