Анализа :"Сатирата" на Шарли Ебдо

За жал по се изгледа дека Шарли Ебдо и покрај 7’те свои жртви и понатаму продолжува со издавање на провокативни карикатури. Последната од нив како да цели кон зголемување на сопствениот тираж преку трагичната судбина на тригодишниот Ајлан

423047
Анализа :"Сатирата" на Шарли Ебдо

Во септември на турскиот брег на Егејското море беше пронајдено тело на едно дете.

Тоа беше телото на кутриот Ајлан.

Таткото на тригодишниот Ајлан во обид да го спаси семејството од војната во родната Сирија тргна на неизвесен пат кон Европа. Семејството на Ајлан тоа го плати многу скапо, со животот на нивното дете. Нивната судбина ја доживееја голем број бегалци од Сирија чија надеж за подобар живот заврши и уште за жал завршува во студените води на Егејското море.

Фотографијата на малиот Ајлан ги потресе срцата на сите и предизвика солзи на лицата на секој без разлика дали е родител или не.

Најтешко им падна на бегалците кои делеа слична судбина со семејството на малиот Ајлан.

Во вакви моменти на очај и бесконечна тага обично кај човекот се јавува револт и бунт и се поставува прашањето „зошто и дали мораше да дојде до тоа“.

За жал трагичната судбина на тригодишниот Ајлан во дел од антиисламистичките средини се претвори во средство на пропаганда и тоа во полза на терористите.

Зборуваме за француското хумористично списание Шарли Ебдо, кое даде 7 жртви на тероризмот во терористичките напади минатата година.

За жал по се изгледа дека Шарли Ебдо и покрај 7'те свои жртви и понатаму продолжува со издавање на провокативни карикатури.

Последната од нив како да цели кон зголемување на сопствениот тираж преку трагичната судбина на тригодишниот Ајлан.

Карикатуристите на Шарли Ебдо на една карикатура под наслов „имигранти“го прикажуваат мртвото тело на малиот Ајлан на брег и го поставуваат прашањето: Што ќе станеше малиот Ајлан доколку пораснеше?“. Под прашањето следува цртеж на една жена во бегство, и двајца мажи позади неа со раширени раце како се обидуваат да ја фатат.Под цртежот стои текстот: можно е дека малиот Ајлан сексуално ќе ги вознемируваше жените во Германија, алудирајќи на новогодишната ноќ во Келн кога голем број жени кои славеа на градскиот плоштад се пожалија дела сексуално биле вознемирувани од страна на неколку мажи имигранти.

Карикатуристот само што отворено не кажува: арно му се случи на Ајлан.

За разлика од нив ние за трагично загинатите 7 вработени на Шарли Ебдо не велиме ,арно им се случи.

Не велиме затоа што не можеме ниту да помислиме на такво нешто, толку страшно и грозоморно. Тоа не ни го дозволува ниту совеста ниту нашата религија.

Ние само велиме : Аллах да им ги прости гревовите.



Слични вести