Туркменците во Бајирбуџак во Сирија во тешка состојба

Локацијата Туркменска планина во подрачјето Бајирбуџак кај Латакија е место каде што нљајмногу живеат Туркменците и стратешка точка во борбата против Асад

421112
Туркменците во Бајирбуџак во Сирија во тешка состојба

Туркменците во Бајирбуџак јужно од Хатај во Сирија се наоѓаат под опасност од масакр.

Подрачјата Аџису, Фиринлик и особено Кизилдаг кај Бајирбуџак кои се сметаат за татковина на Туркменците во Сирија, се наоѓаат под нападите насилите на Асад и интензивно бомбардирање на руските борбени авиони. Меѓу информациите што пристигнуваат се истакнува дека на ридовите до Кизилдаг се спуштаа војници на сириската армија.

Во последните операции, селата Гимам и Зувејк, раскрсницата Аџису и дел од Кизилдаг потпаднаа под контрола на силите на Асад. Доколку силите на Асад целосно ја преземат контролата над Кизилдаг, тогаш 10 туркменски села можат да бидат изложени на топовски бомбардирања. Една друга мета на силите на режимот е подрачјето Аџису. Тоа е последната позиција која се наоѓа под контрола на туркменските единици меѓу крајбрежјето и северната линија.

Локацијата Туркменска планина во подрачјето Бајирбуџак кај Латакија е место каде што нљајмногу живеат Туркменците и стратешка точка во борбата против Асад.

Доколку Асад кој е подржуван од страна на Русија на презеде целосната контрола над Бајирбуџак, тогаш ќе ја зајакне контролата над медитеранското крајбрежје.

Подрачјето во кое се доживуваат интензивни судири се наоѓа само на 5 км од границата со Турција. Анкара е во алармантна состојба по повод случувањата и на нулта точката на границата со Турција се лоцирани 5 500 лица од Хатај и Јајладаг во кампот Јамади. Туркменците кои децата и жените ги оставија во Турција, се вратија на своите територии да војуваат.

Пристигнуваат информации дека туркменската бригада Султан Абдулхамид во подрачјето Бајирбуџак претрпе тешки загуби.

Во подрачјето меѓу Латакија и Идлиб покрај туркменската бригада Султан Абдулхамид се наоѓа и Фронтот Ал Нусра, фракцијата на терористичката организација Ал Каеда во Сирија и армијата Фатах предводена од силите Ахрарул Дамаск. Од страна на силите на режимот, освен војниците на редовната сириска армија се наоѓаати војници на Иран и Хезболах, како и шиитски борци од Ирак, Авганистан и Пакистан.

Кои се Туркменците во Сирија?

Во 1516 година султанот Јавуз Селим сириските територии ги приклучи кон Османлиските. На тој начин, 402 години овие територии беа под хегемонија на Туркменците. Во овој период постепено растеше популацијата на просторите на кои беа населени Туркменците, така што областа се стекна со значајна турска попуалција. Повеќето од Туркменците во Сирија се сунити-ханефии.



Слични вести