Турција втора татковина на граѓаните од Блискиот исток

По изјавата на министерот за економија Нихат Зејбекчи дека странските државјани кои имаат станови во Турција ќе добијат државјанство,Турција се најде во фокусот на интересирањето на странците

394332
Турција втора татковина на граѓаните од Блискиот исток

Министерот Зејбекчи на тоа додаде дека секој оној кој што поседува поседовен лист на имот во Турција ќе се третира како турски државјанин. Министерството засилено работи на прашањето со тоа што планираме истото да се прошири и на странците кои инвестирале или инвестираат во Турција, додаде министерот Зејбекчи.

Странските државјани со станови во Турција пред да добијат државјанство ќе можат без виза да влезат во земјава, ќе ги имаат истите право како и турските државјани па дури и доколку сакаат ќе можат да се вработат во гранките за кои ќе бидат заинтересирани. Дури и се предлага да бидат ослободени од воената обврска.

Во меѓувреме се зголеми интересирањето на странците за купување станови и за инвестирање во Турција. Само за пример да истакнеме дека според податоците за минатата година на странските државјани им биле прпдадени 18 000 станови на ниво на земјава а во првите 8 месеци од годинава бил забележан пораст од 23 насто или над 14 000.

Први на списокот на странците кои купуваат станови во Турција се граѓаните на Ирак, Саудиска Арабија и Кувајт и тие претежно се определуваат за Истанбул, Анталија и Бурса.

Анталија се наоѓа на чело на списокот на станови продадени на странски државјани во периодот јануари - август 2015 година и тоа 4 284 станови, а потоа следува Истанбул со 3 444 .

Освен за овие поголеми градови постои голема заинтересираност и за купување станови и во Трабзон, Јалова, Ајдин, Мугла, Мерсин и Анкара.

Турција се претвори во втора татковина на граѓаните од земјите на Блискиот исток каде се водат воени судири. Дел од граѓаните на овие земји купуваат станови во Турција со надеж да ги спасат членовите на своето семејство од воените разорувања.

Големата побарувачка за станови се одрази и на нивната цена која поскапе за 1,30 насто во септември во споредба со претходниот месец август.

Државјаните на арапските земји кои инвестираат во Турција претежно се определуваат за Истанбул за купување на станови за своите семејства и тоа и заради поволната бизнис клима и заради блискоста со европските центри.


Тагови:

Слични вести