Верски Туризам 16- 2015

Секаде онаму каде што ќе пристигнела власта на римјаните пристигнуваше и римската митологија култура и римските институции

369925
Верски Туризам 16- 2015

Во оваа продолжение од програмската серија Верски туризам ќе стане збор за римската митологија на тлото на Анадолија. Но пред да поминеме на темата да кажеме неколку збора за богот Аксклепиос, кој кај римјаните бил бог на медицината и лекарите. Неговото име го среќаваме во Илијадата на Хомер, но заедно со имињата на неговите синови Макаон и Подалериос, кои исто така биле лекари како и нивниот татко.

Постојат многу приказни и легенди за животот и делото на Аксклепиос но најпозната од нив секако е онаа во која се раскажува за љубовта на Коронис и Аполон. Коронис била ќерка на тесалискиот крал. Таа забременува од Аполон но и покрај тоа не му останува верна. Коронис не останува неказнета за сето тоа. Аполон , а според едно друго кажување неговата сестра божицата Артемисија ја убива со копје. Нејзиното тело се положува за да биде кремирано но Аполон го сожалува нероденото дете, го искорнува од утробата на неговата мртва мајка и го носи кај еден познат лекар за тој да го одгледува.

Малиот Aксклепиос расте и учи кај лекарот Керион, ги учи сите тајни на хирургијата и кога поодраснува почнува да ги лечи луѓето. Но не се задоволува само со лечење на болните туку почнува дури и да ги оживува мртвите. Како лек ја користи крвта на ѕверот наречен Горго.

На Зевс не му се допаѓа тоа што го прави младиот Aксклепиос и како одмазда го убива. Но тоа не е крај на Аксклепиос. По смртта тој повторно оживува и се претвора во божество. Во негова чест луѓето градат храмови од кои најпознати се Апидаурус во Грција и Бергама во Анадолија, Турција.

Според Кажувањата Бергама била формирана во 4. век пред нашата ера, во хеленистичкиот период, а во 2. век веќе се прочула како медицински центар каде доаѓале болни дури и од поодалечените места.

Како начини на лекување во храмот на Аксклепиос се користеле лековити води, бањање во кал, разни лековити тревки, физичка терапија и хипноза која се практикувала во посебни простории. Болните кои се лекувале со хипноза го сонувале Аксклепиос кој им кажувал со кој лек да си ја излекуваат болеста.

Интересирањето на римјаните за Мала Азија или денешна Анадолија започнува некаде од 3.век пред нашата ера. Во претходните продолженија од програмската серија Верски Туризам рековме дека Божицата на Плодноста била позната во Рим уште во 2.век пред нашата ера и тоа со помош на бергамскиот крал Аталос 3. кој бил последен крал на Бергама. Кралот Аталос пред смртта ги повикал римјаните да загосподарат со неговата земја. На тој начин римјаните стапнале на тлото на Мала Азија и ја прoгласиле за римска провинција.

Секаде онаму каде што ќе пристигнела власта на римјаните пристигнуваше и римската митологија култура и римските институции. Римската митологија владееше апсолутно во сите римски провинции се до прифаќањето на Христијанството како официјална религија, а тоа беше во 4.век пред нашата ера. Сепак кога сме веќе тука да кажеме дека римјаните беа толерантни и кон останатите религии така што паралелно со постоењето на римските богови постоеја и грчките кои исто толку се почитуваа.

Римјаните во стариот период имаа неколку големи богови од кои најголемиот беше богот Јупитер. Јупитер заедно со Марс и Квириникус го претставуваа светото тројство. Марс беше бог на војната, а Квириниус бог на мирот и претставник на обичните луѓе. Освен официјалните богови секој римјанин имаше и свој личен бог, демон или гениус. Демоните беа духови кои ја претставуваа врската меѓу луѓето и боговите а гениусите беа оние духовни сили кои беа постојани придружници на луѓето се до нивната смрт. Освен тоа секоја римска жена имаше свој личен бог кој и подаруваше плодност. Тоа беше божицата Јуно. Според нејзиното име бил наречен месецот Јуни.

Во римскиот период дури и предметите имаа свои богови. На пример бог на вратата беше Јанус, на границата Терминус, на оџакот Веста, и така натаму. Постоеше ред во самиот чин на поклонување пред боговите. Редот го воспоставуваа свештениците, кои го сочинуваа понтифексот, вид црковна институција. Паралелно со проширувањето на римската империја се зголемуваше и бројот на римските богови. На почетокот на Јупитер му се приклучија Јуно и Минерва, кои имаа доста сличности со грчките богови Хера и Атена. Слично се случи и со другите богови. На пример Венера се поистовети со Афродита, Хепаис со Вулканус, Посејдон со Нептун, Деметра со Церес, Хермес со Меркус, Артемис со Дијана, но бидејќи Аполон немаше соодветна замена кај римјаните тој и во римската митологија остана како Аполо. Во 293 година пред нашата ера, на римските богови им се приклучи и Аксклепиос. Кон крајот на истиот век, римјаните ја присвоија и божицата на плодноста и и дадоа име Магна Матер. По неа следеше Дионис кој кај римјаните го доби името Бакус.

Освен грчките во Рим почнаа да навлегуваат и хеленските богови и божици. На пример египетската божица Изис беше почитувана и во Рим што беше случај и со божицата Тике која римјаните ја нарекоа Фортуна. Кон крајот на римската империја се повеќе почнува да се чувствува влијанието на сириските богови, особено почитувањето на култот кон сонцето.

Ваквото шаренило во духовниот живот на римјаните го привлече незадоволството на конзервативните и традиционалните римјани. Реакциите бела толку силни што дури и самите римски императори се прогласуваа за богови. На крајот мерката на однесувањето беше толку пореметена што величењето на императорот стана исто толку значајно и помпезно колку и величењето на боговите. Точката на кулуминацијата беше достигната кога римјаните можеа слободно да не го почитуваат врховниот бог Јупитер но со смрт се казнуваше секој оној римјанин кој не ќе го почитуваше и величеше императорот.

Поклонувањето пред императорите започна во периодот на владеењето на Цезар, а предлогот пристигна од Октавијан Август неговиот посвоен син. Цезар беше прогласен за Дивус Илиус, државен бог. Него го следат Август и другите богови. Како резултат на тоа се градат храмови за овие луѓе-богови, такви има многу на тлото на Анадолија. На пример храмот Домитианус во античкиот град Ефес е еден од нив, како што е и храмот во античкиот град Бергама, изграден во чест на императорот Хадријан. Храмот во чест на императорот Август бил изграден во античкиот град Кизикос што се наоѓа на полуостровот Ердек во Мраморното Море.

Како што е познато императорот Хадријан кој владееше во доцниот римски период беше прифатен и славен како 13. по ред бог на Олимп. Храмот на Хадријан во Бергама се смета за еден од светските чуда.

Со тоа го завршуваме периодот на многубожтвото во Анадолија. Следуваат неколку продолженија за појавата на светите книги и новите религии. Анадолија е навистина богата на полето на религиите, колку многу религии се појавиле и биле влијателни на ова парче земја во минатото за што сведочат безбројните светилишта, храмови, мавзолеи, статуи, камени столбови и гравури кои можат да се видат на секој агол во Анадолија, а кои сведочат за богатото историско и културно минато на овие простори низ вековите.

 


Тагови:

Слични вести