Од Агендата на Турцијаси Светот 138 / 2015

Како што велат експерти „луѓето не ги убиваат земјотресите, туку недоволно цврстите и слаби градби против земјотресот и непреземањето на неопходните мерки или невнимателноста.“

339730
Од Агендата на Турцијаси Светот 138 / 2015

Турција на 17 август 2015 година ја одбележува 16-годишнина од една природна непогода и болка. Во земјотресот што се случи на 17 август 1999 година со епицентар во Јалова и јачина од 7,8 степени според Рихтер илјадници лица го загубија животот, стотици лица останаа без своите домови, а милиони лица го доживеаја психолошкото влијание на оваа болка. Епицентарот на земјотресот се наоѓаше во Мраморната област на Турција како најзначајна област на Турција од економкси, индустриски, социолошки и демографски аспект. Позначајно и од тоа овој силен потрес предизвика вознемиреност и во Истанбул како мегаполис кој располага со население од 15 милиони и се наоѓа во земјотресно подрачје. Експерти постојано предупредуваат дека во Истанбул ќе се случи голем земјотрес и дека сигурно треба да се преземат неопходните мерки.

Земјотресот во суштина освен тоа што претставува природна активност на земјата, претставува извор на закана за животот на оние кои живеат на земјата. Како што велат и експерти особено во некои делови на светот земјотресот е дел од животот и треба да се научи да се живее заедно со него. Согласно самата природа на земјата и универзумот земјотресот претставува неизбежен факт. Исто како и сите други природни активности земјотресот всушност не претставува проблем, туку показател на виталноста на природата. Дури е и еден од елементите како што се дождот, снегот, бурата, летото и зимата. Можеби се појавува помалку во споредба со другите, но е активност исполнета со „мудрост“ најмалку колку нив. Впрочем и во светата муслиманска книга Куранот постои сура по име „зелзеле“ односно земјотрес.

Односно проблемот не е во земјотресот туку ставот, начинот на однесување на луѓето кон земјотресот или недоволноста на преземените мерки или пак нивната погрешност. Онака како што човекот гради градби кои заштитуваат од дожд, снег, бура и слични природни настани и со тоа успева да живее без да почувствува било каква загриженост, всушност истото во голема мера се однесува и за земјотресот. Повторно како што велат и експертите „луѓето не ги убиваат земјотресите, туку недоволно цврстите и слаби градби против земјотресот и непреземањето на неопходните мерки или невнимателноста.“ Колку е правилен овој израз го докажуваат и потврдуваат и искуствата со голем број земји. На пример во Јапонија каде што интензивно доаѓа до земјотреси дури и при најголеми потреси штетите или загубите кои што се причинуваат само поради овие потреси се прилично мали. Бидејќи земјите како што е Јапонија успеале да преземаат силни мерки против земјотресите.

Ви го пренесуваме коментарот на Професор Доктор Рамазан Ѓозен од Одделот за политички науки и меѓународни односи на Универзиотетот Мармара...

Турција се наоѓа на првите места меѓу земјите кои се соочуваат така да се каже лице в лице со земјотресите. Географијата или регионите на Анадолија и Тракија кои во текот на илјадници години биле обликувани од земјотресите продолжуваат да го живеат овој процес и според експертите ќе продолжат да го живеат. Изразот „географијата е судбина на земјите“ кој му се препишува на Наполеон и наоѓа доста широка употреба во одредена мера се однесува и на земјотресите. Односно оваа географија на Истанбул и Турција која што е доста привлечна располага и со „кршливи“ карактеристики како што се земјотресите и геополитиката.

Меѓутоа за жал Турција особено во процесот на индустријализација, урбанизација, демократизација и модернизација што го доживела во изминатите 50 или 100 години не направила доволно подготовки против земјотресите. Затоа кон овие мерки не треба да се гледа само во рамките на земјотресите како факт или проблем туку истовремено треба да се гледа и како борба за развој и просперитет. Односно онолку колку што Турција успеала да се развие, толку успеала да биде безбедна и отпорна против природните катастрофи како што е земјотресот. Кога ќе се погледне кон 100 годишната историја на Турција ќе се забележи дека онолку колку што успевала да постигне развој во толкава мера покажала поголема чувствителност и борбеност и против земјотресите.

Во тој контекст по катастрофалниот земјотрес на 17 август 1999 година и паралелно со развојот и просперитетот во 2000-те години беа воведени и донесени сериозни регулативи, беа поставени правила и прописи и беа формирани институции. Беше формирана Управата за елементарни непогоди и итни состојби позната по кратенката АФАД, беа обновени и заострени правилата за градење, беа дадени обуки и курсеви за осознавање на народот за време на и после земјотресот, беа вршени научни истражувања и инвестирања во правец на претпоставките на појавата на нов земјотрес, особено во Истанбул и во други големи градови беа започнати големи проекти за урбано обновување, беше доставена финансиска поддршка за градбените активности за зајакнување на старите градби и најзначајно од сите нив беше зголемена чувствителноста на народот кон земјотресите и сите природни непогоди.

Меѓутоа секако дека овие мерки делумно поради нивната сама природа, а делумно пради бирократски, локални и политички причини не се реализирани и реализираат мошне интензивно, лесно и на извонреден степен. Имено урбанизацијата и изградбата на нови градови и е скапо од економски, социјален и технолошки аспект и содржи социо-културни, физички тешкотии и пречеки. За обновување на погрешната урбанизација и големиот број градби кои што биле реализирани и изградени во текот на децении, делумно е потребно долго време, но позначајно изискува нов поглед и сфаќање кон животот.

Можеби најпрвенствениот услов во борбата против земјотресите е поврзан со тоа како луѓето го регулираат својот индивидуален и својот социјален живот. Постои силна врска помеѓу внимателниот, претпазливиот и планираниот живот на луѓето и мерките кои што се преземаат против земјотресите. Колку што се квалитетни, високи и успешни животните стандарди, толку постои и самодоверба кај луѓето кон земјиотресите. Ако се погледне од друг аспект, мошне е значајна и врската помеѓу оној познат индекс на човечкиот развој и отпорноста и издржливоста кон земјотресите. Колку што се високи стандардите на индексот на човечкиот развој толку е силна и безбедноста против земјотресите.

Тоа беше коментарот на Професор Доктор Рамазан Ѓозен од Одделот за политички науки и меѓународни односи на Универзиотетот Мармара...


Тагови:

Слични вести