Од Агендата на Турција и Светот 132 / 2015

Грчкиот референдум и резултатот како од аспект на методот така и од аспект на содржината има историско значење и важност.

339368
Од Агендата на Турција и Светот 132 / 2015

На референдумот што се одржа на 5 јули 61-отсто од грчкиот народ се изјасни против пакетот за спасување на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд. Оваа одлука беше оценета како победа на премиерот Алексис Ципрас и владата на СИРИЗА кои пред референдумот го зедоа ризикот да добијат дури и 50-отсто. Впрочем премиерот Ципрас побара од грчкиот народ да го поддржи во преговорите со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и во спротивно изјави дека ќе поднесе оставка. Грчкиот народ стоеше посилно и поодлучно зад владата на Ципрас на кого му ја зајакне раката во преговорите.
Грчкиот референдум и резултатот од истиот не беше само обична демократска примена. Како од аспект на методот така и од аспект на содржината има историско значење и важност. Со тоа се појави состојба за која експертите за политички науки и меѓународни односи ќе реализираат голем број академски трудови. Впрочем оваа состојба од голем број аспекти е различна и оригинална од стотиците годишни класични политички случувања и сфаќања.

Ви го пренесуваме коментарот на Професор Доктор Рамазан Ѓозен од Одделот за политички науки и меѓународни односи на Универзиотеот Мармара...

Две димензии кои што се појавива како резултат на референдумот во Грција се поврзани со меѓународните односи и местото на демократијата во надворешната политика. Од класична гледна точка демократските избори и референдумите во основа се одржуваат по прашањата на определување на одлуките на државната управа и нејзините раководители. Поставувањето на преговорите кои што ги води една влада пред народот и на негово одобрување е мошне ретко. Грчкиот референдум беше различен став од ова гласично сфаќање. Ципрас за тешките барања од страна на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд по прашањето на плаќањето на грчките долгови и новите задолжувања директно го праша народот. Директно беше земен погледот на народот на кого директно ќе влијае и примената на програмата на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд. Тоа што Ципрас и покрај тоа што не мораше го избра овој пат потсетува на античката грчка демократија. Во античка Грција политичките одлуки директно се донесуваа со демократски метод, односно со советување на раководителите со народот. Реализацијата на директната демократска традиција по одредено критично прашање што ретко се среќава кај модерните демократии е доста значајно и важно.
Второ; примерот со грчкиот референдум е состојба која што може да се види ретко општо во глобалниот систем и посебно во системот на ЕУ. Неолибералните политики кои што ги применуваат глобалните актери и ЕУ поставуваат голема економска одговорност над земјите и единките за кои станува збор. Владите чија економија е дојдена до точка на колапс како што е случај со Грција за да би можеле да добијат помош од Меѓународниот момнетарен фонд, ЕУ или други институции во основа ги прифаќаат програмите за стегање на ременот кои што им се нудат. Освен тоа што овие програми во основа не даваат позитивен резултат, на народот на земјата која е во прашање му поставуваат дополнителен товар во долгорочен период. Всушност нормално се очекува овие видови тешки програми да бидат прифатени со одобрување од самиот народ. Ципрас го направи она што е и нормално, ја зајакна својата рака во преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и ја зеде поддршката на народот зад себе.
На тој начин може да се каже дека грчката влада и народот дадоа демократски одговор на притисокот на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд. Грчката суверена волја не ја прифати неолибералната програма за стегање на ременот и наместо тоа побара применување на ново и различно решение. Овој став во контрадикторностите помеѓу глобализацијата и сувереноста, неолиберализмот и демократијата, критериумите на ЕУ и интересите на членството вроди резултат во полза на вторите елементи. Поинаку кажано можеби за прв пат грчкиот народ наспроти глобализацијата, неолиберализмот и критериумите на ЕУ ги постави на преден план сувереноста, деморкатијата и истересите на членството.
Во наредниот период ќе се појават голем број прашања, дискусии или процеси од кои најзначајни се следните: 1) Како ќе продолжат разговорите на Грција со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, од друга страна каков одговор ќе дадат ЕУ и Меѓународниот момнетарен фонд на негативната одлука од референдумот? 2) На какво влијание ќе биде подложена еврозоната од оваа одлука и како ќе продолжи ЕУ во иднина? 3) Дали оваа одлука навистина ќе го извлече грчкиот народ од кризата или уште повеќе ќе се влошат грчката економија и односите со ЕУ? 4) Дали ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд ќе го ппроменат својот став по негативната одлука на референдумот и на какво влијание во иднина ќе бидат изложени неолибералниот систем и политиките? И 5) Најзначајно од сето тоа дали овој резултат значи разврска на еврозоната и ЕУ или запаѓање во криза?
Секако дека и не е можно да се дадат куси одговори на сиве овие прашања, меѓутоа би можела да се направи куса проценка од две аспетки. Ако се погледне од песимистички аспект Грција ќе се соочи со уште потешки услови пред оваа состојба и како резултат на тоа ќе излезе од еврозоната, ќе се врати на својата национална валута драхмата, па дури ќе излезе и од членството во ЕУ. На тој начин ќе добијат ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд и неолибералните притисоци. Ако се погледне од оптимистички аспект пак, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд кои се соочија со негативниот одговор од референдумот ќе и предложат попозитивен пакет со решение на Грција и на тој начин Атина ќе продолжи по истиот курс. Би можеле да се изнесат шпекулации во однос на тоа која ќе се оствари од овие две алтернативи од кои пак и двете содржат сериозни трошоци и проблеми, но најлогично ќе биде да се чека и да се види. Сепак претходно интензивно треба да се преземат потребните мерки оваа криза да не се прошири и на други земји кои се или не се членки на ЕУ и со тоа регионалната и светска економија и политика да не западнат во длабока криза.

Тоа беше коментарот на Професор Доктор Рамазан Ѓозен од Одделот за политички науки и меѓународни односи на Универзиотеот Мармара...


Тагови:

Слични вести