Од Агендата на Турција и Светот 130 / 2015

Турската политика после изборите на 7 јуни

321111
Од Агендата на Турција и Светот 130 / 2015

Парламентарните избори од 7 јуни годинава резултираа со нов но истовремено критичен период за турската политика. Според официјалните изборни резултати сликата во турскиот парламент изгледа вака: АК партијата која 13 години беше на власт доби 40,66 насто гласови и обезбеди 258 пратеници, опозиционата Народна Републиканска Партија освои 25,13 насто гласови и обезбеди 132 пратеници, другата опозициона партија Народно движење доби 16,45 насто гласови и обезбеди 80 пратеници и конечно Народната партија за правда и слободи доби 12.96 насто гласови и обезбеди исто така 80 пратеници. Според овој резултат ниту една партија која влезе во парламентот не го доби потребното мнозинство од 276 пратеници колку што треба за формирање на самостојна влада. Тоа практично значи дека после 13 години еднопартиска влада, Турција пак ќе има коалициона влада, за чиј состав многу се шпекулира во јавноста.

Дискусиите се водат во три правци. Прво како коалиционата влада ќе се рефлектира на турската политика, кои партии ќе влезат во владата и трето како оваа влада ќе одговори на основните проблеми на земјата. Освен тоа постои и друга опција а тоа се дискусиите за можни предвремени избори.

За политичката клима после парламентарните избори во земјава имаме коментар на професор доктор рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки и меѓународни односи на универзитетот Мармара.

Веднаш уште на почетокот да кажеме дека формирањето на коалициона влада во Турција после период од 13 години на еднопартиска влада предизвикува загриженост кај одделни средини, вели професор доктор Рамазан Ѓозен и продолжува : Основната причина за загриженоста се неуспешните обиди од 70’тите и 90’тите години од минатиот век кога во Турција на власт беа коалициони влади, кои резултираа со дестабилизација на земјата. Сепак тоа не значи дека негативните искуства од минатото ќе се повторат. Исто колку што еднопартиските влади претставуваат предност за системите, исто толку и владите составени од коалицирање на две или повеќе партии се важни од аспект на унапредување на културата на политичкиот дијалог и компромисот како во политиката така и во општеството пошироко. Нема апсолутно било каква причина примерите на успешно владеење на коалиционите влади во европските земји исто така успешно да функционираат и во Турција. Згора на тоа може да се истакне дека предностите на јаките коалициони влади во Турција се уште поголеми во на пример колективно решавање на проблемите во земјата. Всушност успехот и квалитетот на коалиционата влада е директно поврзан со тоа кои партии ќе коалицираат.

Изборните резултати од 7 јуни покажуваат дека постои можност од формирање на две коалиции. Прво коалиција меѓу АК партијата и било која друга опозициона партија застапена во парламентот и второ коалиција составена од трите партии кои влегоа во парламентот без АК партијата. Ако се гледа на изјавите на челниците на Партијата за национално движење и Партијата за правда и слободи тие никогаш нема да бидат дел од една иста коалиција, тоа значи дека во постојните услови би коалицирале останатите партии кои влегоа во парламентот освен овие двете. Сепак и тоа ќе биде тешко изводливо бидејќи сите три политички партии кои влегоа во парламентот имаат големи резерви во однос на политиките кои во изминатите 13 години ги спроведуваше АК партијата. Сиве овие настани деновиве се предмет на меѓупартиски пазарења и калкулации.

Факт е дека ниту една коалиција не е лесна, но сепак и покрај тоа ниту една политичка партија нема да дозволи поради нејзините теснопартиски интереси земјата да биде вовлечена во неизвесност, или да се прогласат предвремени избори само затоа што нема да успеат преговорите за формирање на новата влада.
Било која влада да се формира, следните 5 елемента ќе бидат од исклучително важно значење: 1- иднината и стабилноста на турската економија, 2- ситуацијата во сирија и настаните на турско-сириската граница, 3-турската надворешна политика, 4- судбината на процесот за помирување и 5 – донесување на нов устав.

Сиве овие прашања се важни и независно од тоа која партија ќе коалицира во идниот состав на владата ќе мора да води сметка за овие елемента. Можно е секако да има разлики во ставовите , но сепак прашањата се тука и тие заслужуваат секакво внимание.

Што значи дека новата влада и нејзината програма ќе мора да бидат поврзани со координатите за компромис околу овие горливи прашања кои што се во фокусот на актуелната турска политика.


Тагови:

Слични вести