Дали знаете ? 19/ 2015

Производи наречени пријатели на природата

294097
Дали знаете ? 19/ 2015

Одреден број производи или нивните пакувања кои што ги употребуваме секојдневно можат да бидат штетни по природата и да ја загадуваат. Нивната штетност се појавува или во текот на производството или кога ќе се претворат во отпаден материјал. За разлика од нив производите наречени пријатели на природата заедно со нивната амбалажа се сосема нештетни и не претставуваат загадување. Тие или се состојат од суровини кои можат повторно да се преработат или воопшто не содржат штетни суровини.

На пример само да кажеме дека дел од козметичките препарати се пријатели на природата како што се на пример боите за коса без хидроген, потоа геловите за коса, потоа батериите на полнење, штедливите сијалици, и органски земјоделски производи како што се овошјето и зеленчукот или производи кои не содржат генетски модифицирани клетки.

Денес со распространувањето на свеста за здрава и чиста природа луѓето се повеќе се ориентираат кон еколошки здрави производи таканаречени пријатели на природата.

Домаќинките на пример наместо хемикалии користат пумпи за отворање на затнатите одводни цевки во кујните и купатилата. За чистење на талогот од чај или кафе наместо хемиски средства користат вода со оцет или лимон, наместо детергенти за перење на теписи користат течни сапуни или гел сапуни, градинарите во бавчите користат органско ѓубриво наместо хемиските, или наместо хемиските бои за варосување користат водени и помалку штетни бои и уште многу многу други примери на совесно користење на здрави производи наместо штетните задагувачи на природата.


Тагови:

Слични вести