Освојувањето на Истанбул

Секоја година на 29 мај се слави годишнината од освојувањето на Истанбул од трана на султанот Мехмед 2. Освојувачот

297015
Освојувањето на Истанбул

Истанбул, можеби еден од најубавите градови на светот
Истанбул и денес ги освојува срцата со сиот свој раскош и со прекрасната панорама на морскиот теснец Босфорот кој што го дели градот на два дела европски и азиски и кој што истовремено ги спојува двата континента.

Римскиот император Константин Велики во 330 година до населбата Бизантиум, основа нов град и го нарече Nova Roma - Нов Рим, денес позната како Истанбул. 

Градот подоцна ќе ја стекне својата слава како Константинополис – Константинов град. Со распаѓањето на вековната Римска империја Константинополис станува новата престолнина на Источното римско царство. Градот кој што се наоѓал на самите трговски патишта низ кои поминувале безброј каравани со разновидна стока беше главната причина за преселување на престолнината од разурнатиот Рим во Константинополис. Паралелно со развојот на трговијата во градот силно се шири и новата религија Христијанството. Императорот Константин од една страна ги почитуваше паганските римски божества а од друга имаше толерантен однос кон новата религија Христијанството. Под негово покровителство во Никеа – денешен Изник во 325 година се собра првиот свештенички Концил кој донесе одлука стотиците тогаш напишани Библии да се соединат во 4 свети книги. Се верува дека императорот Константин кога веќе бил на умирање го примил Христијанството и се прекрстил.

Во 395 година Римската Империја се подели на два дела, на Западно и на Источно царство со две престолнини Рим и Константинополис. Источното римско царство продолжи да живее дури и после 1000 години од пропаста на Западното римско царство. Во времето на владеењето на византискиот император Јустинијан териториите на Западното римско царство се припојиа кон Источното римско царство. Во 16 век овие територии беа познати како Византиска империја.

Турците првата голема победа над Византијците ја постигнаа во 1071 година кај Малазгирт. Од овој датум кој претставува пресвртница во историјата на Мала Азија во Анадолија започнува да се чувствува силното влијание на Турците. Турците Мала Азија или Анадолија ја викаа Дијар и Рум – Римска земја или Румелија. Силните и лесно подвижни турски орди навираа се подлабоко кон внатрешноста на византиската територија. Во подоцнежните периоди овие територии ќе бидат познати како Тракија а оние позападно како Румелија или Европски земји.

Во периодот на владеењето на династијата на Селџуците византиските градови еден по еден потпаѓаат под власта на Турците. Турската родовска заедница Каји која пристигна во Анадолија се насели кај месноста Соѓут. Ова родовска заедница е потомокот на династијата на Османлиите кои подоцна ќе го освојат целиот потконтинент на Мала Азија – Анадолија. 

Бурса е последен византиски град кој го освојуваат Османлиите и тоа е почеток на се посилните турски наезди кон западните територии. Турските војски го поминуваат морскиот тенец Чанаккале – Дарданелите и се префрлуваат во Тракија. Европа ги запознава Турците со кои ќе се бори повеќе од 500 години. За кусо време Турците го освојуваат Едирне така да ја преместуваат престолнината од Бурса во новоосвоениот град Едирне. Со оваа одлука Турците им порачуваат на Европејците дека планираат трајно да останат во Европа. Истанбул единствена византиска територија град-држава беше целосно отсечен од западниот христијански свет како остров на суво.
Султанот Мехмед кој во 1451 година седна на престолот беше добро образуван владар и ја ценеше науката и технологијата. Тој порасна со хадисот: Константиније секако дека еден ден ќе се освои. Колку е убав војсководецот што ќе го освои ,колку е убава војската која ќе го освои., кој постојано го повторуваа неговите учители. Мехмед беше решен да го освои Истанбул и дури еднаш решително извика „или ќе го освојам Истанбул или тој ќе ме освои.

Откога беа завршени сите подготовки му испрати амбасадор до кралот на Византија во Истанбул со барање градот да се предаде. Одговорот беше негативен така да Мехмед 2 нареди на 6 април 1453 година да се опсади градот. Венецијанските и џеновјанските бродови кои пристигнаа на помош на Истанбул беа поразени на море, но голема пречка беше џиновскиот зинџир поставен во морето меѓу Халич и Караќој на самиот влез во заливот Златен Рог. Увидувајќи го тоа Мехмед нареди бродовите да се пренесат преку копно така да 72 галии на макотрпен начин беа префрлени преку копното во заливот, што во голема мерка го промени текот на битката. Увидувајќи дека крајот е близу византискиот крал почна да праќа пораки со цел да го намами младиот Мехмед да се откаже од опсадата за возврат на големи пари како давачки и откуп. Но Мехмед не се откажа така да по неколку неделни жестоки битки градот падна на 29 мај 1453 година. Османлиите победоносно влегоа во освоениот Истанбул, од тој ден султанот Мехмед 2 стана Фатих- Освојувач.

По освојувањето на Истанбул султанот Мехмед Фатих нареди да нема зулуми и убивања и да се преземат мерки за обезбедување на безбедноста на неговите жители. Султанот Фатих Мехмед им дозволи на Христијаните самите да го бираат својот верски поглавар и заради обезбедување на мир меѓу Муслиманите и Христијаните го покани православниот верски поглавар на вечера. На вечерата самиот му ја стави круната и му го даде жезлото на патријархот. Освен кон христијанските и грчите поданици имаше добар и коректен однос и кон еврејските поданици.

Освојувањето на Истанбул предизвика големи промени во целиот свет. Тоа значеше крај на 1058 годишното римско владеење, а османлиската држава се претвори во голема светска сила со Истанбул како нова престолнина на царството.

Османлиите со освојувањето на Истанбул се стекнаа со поголем респект во муслиманскиот свет, но кај христијаните создадоа впечаток на сериозна опасност. Со паѓањето на Истанбул под османлиска власт учените луѓе пребегаа на запад и со себе ги понесоа сите книги што подоцна беше базата за ренесансата и реформите во Европа. Со паѓањето на Патот на Свилата во рацете на Турците, западните земји тргнаа во потрага по алтернативни патишта што резултираше со новите географски откритија. Како заклучок од сето тоа може да се каже дека освојувањето на Истанбул од страна на султанот Мехмед Фатих предизвика големи историски промени кои оставија длабоки траги и тоа како на Исток така и на Запад.

Истанбул за кој што порано постоела изреката дека земјата и камењата му се од злато и денес го зачува своето светско значење. Со својот космополитски состав Истанбул денес со право го носи епитетот на светска метропола.



Тагови:

Слични вести