Од Агендата на Турција и Светот 21/2015

Генезата на блискоисточниот проблем

283926
Од Агендата на Турција и Светот 21/2015

Географски и како поим Блискиот исток на светската сцена се појавува на почетокот на 20.век како резултат на британскиот и францускиот империјализам. За прв пат називот Блиски исток се користи во англиски документи во 1902 година. Блискиот исток кој останува под влијанието на европскиот империјализам во ерата на Студената војна се обликува според интересите на САД и Советскиот сојуз. Блискиот исток и во подоцнежниот период останува во фокусот на вниманието на глобалниот систем. После Втората светска војна во овој регион започнува да се чувствува кинеското влијание и тоа на преден план во економијата.

Погрешно е да се мисли дека сите проблеми на Блискиот исток потекнуваат од надворешни фактори. Блискиот исток е резултат на неуравнотежените сили на големите држави, особено во 19 век. Европа и западните земји како резултат на индустриската револуција се модернизираат но Ориентот и Блискиот исток претежно населени со муслимани остануваат надвор од модернизацијата.

Блискиот исток од појавата на Исламот во 7 век па се до 19 век се обликуваше според регионалните динамики. По ред Емевиите, Абасините, Селџуците, Османлиите и другите големи империи владееја со Блискиот исток скоро 14 века воедно грижејки се за неговата безбедност. Големите империи биле најсовремените поредоци на своето време. Низ целиот 14 век овие империи успеале да го заштитат Блискиот исток од непријателски наезди од надвор.

Ако се имаат во предвид сиве овие податоци тогаш се поставува прашањето :зошто и како големите империи кои владееле со Блискиот исток во 19 и во 20 век го загубиле своето влијание?

За темава имаме коментар на професор доктор Рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки и меѓународни односи на универзитетот Мармара во Истанбул.

Еве што вели професор доктор Рамазан Ѓозен за ова прашање:

Овие прашања иљадници пати биле поставувани и порано и добивале исто толку бројни одговори. Постојат стотици па дури и иљадници книги, и разни други публикации посветени на блиско источното прашање. Сиве овие бројни изданија грубо речено нудат три основни погледи на блиско источното прашање.

Некои се задоволуваат со погледите и ставовите на минатите периоди, некои пак нудат свои оригинални идеи и ставови. Тоа може сосема нормално да се прифати но интересно е дека во основата на блиско источниот проблем се наоѓа прашањето на политичка конкуренција кое Блискиот исток и воопшто муслиманскиот свет го претворија во центар на судири, било тоа да се верски, било секташки, било политички или идеолошки. Некои од нив во последно време станаа економски па дури и енергетски. Тие може да се класифицираат и како турски, ирански или саудиско арапски модел.

Така да може слободно да се каже дека основниот проблем на Блискиот исток е всушност немањето идентичен поглед,став или политика за Блискиот исток. И покрај реалноста дека културата на Блискиот исток е муслиманска факт е дека сепак не постои една општа веродостојна и валидна мисла или став на муслиманите за Блискиот исток, што на прв поглед изгледа сосема зачудувачки, но тоа всушност ја претставува генезата на блиско источниот проблем.

Не постои модел кој околу себе би ги собрал сите муслимани од Блискиот исток, како што е на пример моделот на Европската унија кој го соединува европскиот простор. Често пати се поставува прашањето дали е можно на Блискиот исток да се воспостави модел на европската унија реализиран од страна на земји кои мошне често во историјата војувале едни против други , склопувале сојузи со своите довчерашни непријатели против своите довчерашни пријатели.

Денес во овие услови е тешко да се одговори позитивно на ова прашање. Наместо тоа би било по корисно да се постават елементите кои би ја претставувале основата на еден регионален модел специфичен за Блискиот исток.
Сепак секоја иницијатива на тој план треба да води сметка за следните фактори:

Како да се стави крај на секташката, политичка и економска поделба на Блискиот исток?
Како треба да се развиваат односите меѓу блискоисточните земји и нивните односи со големите сили?
Како да се третираат вон регионалните актери?
Како можат регионалните народи на демократски начин да ги изберат своите лидери ?
Како да се надминат регионалните и конструктивни проблеми?

За да се реши успешно блиско источниот проблем на сиве овие прашања треба да се дадат поединечни одговори.


Тагови:

Слични вести