19 МАЈ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА АТАТУРК ПРАЗНИК НА МЛАДОСТА И СПОРТОТ

ДЕНЕС ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА СЕ ПРАЗНУВА 19 МАЈ, ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА АТАТУРК И ПРАЗНИК НА МЛАДОСТА И СПОРТОТ

280044
19 МАЈ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА АТАТУРК ПРАЗНИК НА МЛАДОСТА И СПОРТОТ

Сојузникот на Отоманската империја во Првата Светска војна Германија, беше поразена така да како резултат на тоа Анадолија дел по дел паѓаше под окупаторска власт. Отоманската држава согласно договорот од Мондрос потпишан на 30 октомври 1918 година, дел по дел се окупираше од страна на сојузничките земји кои излегоа како победнички од Првата Светска Војна. Согласно еден друг член од договорот во исто време се одвиваше и распаѓањето на отоманските војски. Тоа фактички значеше губење на суверенитетот и независноста на турската нација, што беше незамисливо за Мустафа Кемал Паша јунакот од големата победа на битката на Чанаккале кој по наредба на султанот Вахдеттин тргна за Анадолија како армиски инспектор.

Мустафа Кемал претходно од фронтот тајно пристигна во Истанбул на 13 ноември 1918 година. Истиот ден во Истанбул допловија непријателските воени бродови и градот беше окупиран. Целта на Мустафа Кемал беше да замине во Анадолија и таму да го крене народот на бунт против окупаторите. Кога на 19 мај пристигна во Самсун тој решително со сиот глас извика дека турскиот народ нема да падне под ропство на ниту една сила и ја започна народно ослободителната војна. Народот на кому му беше доста од репресалиите на окупаторските војски, почна да се собира околу движењето на отпорот.

Мустафа Кемал пристигна во Самсун во моментот кога надежите за подобро утре на турскиот народ беа целосно исцрпени. Кога пристигна во Самсун Мустафа Кемал рече : Подобро да се умре отколку да се биде зависен. Тоа беше пресвртната точка во поновата историја на турскиот народ. Турскиот народ не можеше да поднесе ропство, а турската света земја не можеше да остане поробена. На 19 мај 1919 година повторно се роди нацијата која требаше да се уништи и да биде избришана од светската сцена. Народно ослободителната војна која започна на 19 мај 1919 година заврши на 30 август 1922 година со големата победа на турската војска над окупаторските војски. Мустафа Кемал Паша секогаш имаше голема верба во силата на турската нација. Негова цел беше формирање независна турска држава која ќе се темели на суверенитетот на народот.

Војната која започна на 19 мај 1919 година не беше само војна против окупаторите и нивните соработници кои сакаа да ја распарчат Османлиската Империја и да завладеат на нејзините територии. Тоа беше војна која на турскиот народ му донесе независност и слобода и независна татковина ослободена од окупаторските сили.

Пристигнувањето на Мустафа Кемал во Самсун се одбележува како почеток на народно ослободителната војна. Празникот на младоста и спортот за прв пат се одбележа на 24 мај 1935 година како „ Ден на Ататурк“. Празникот се одбележа во организација на спортскиот клуб Бешикташ во стадионот на Фенербахче со учество и на спортисти од спортскиот клуб Галатасарај.

Во 1938 година празникот добива ново име „19 мај празник на младоста и спортот“.

Во 1981 година го добива името „19 мај ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот “.
Празникот се одбележува во целата земја со низа спортски и културни манифестации. Џиновското знаме на кое пишува „ Од младината за претседателот на републиката со љубов кон Ататурк“ и кај народот познато како „Знаме на љубовта“ го носат спортистите на своите раце од Самсун до главниот град Анкара.
И годинава како и секоја година порано “Знамето на љубовта“ носено на рацете на спортистите од Самсун ќе пристигне во Анкара и на свечен начин ќе му биде предадено на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Празникот од една страна служи за сеќавање на командантот на народно ослободителната војска Мустафа Кемал Паша чиј роденден е токму 19 мај, а од друга за потврдување на значењето кое турското општество го придава на младината и спортот.

Среќен празник почитувани слушатели ...


Тагови:

Слични вести