Од Агендата на Турција и Светот 123 / 2015

Изборите во Турската Република Северен Кипар и потоа

266845
 Од Агендата на Турција и Светот 123 / 2015

На 19 и 24 април годинава во Турската Република Северен Кипар се одржаа претседателски избори. На изборите се кандидираа 7 кандидати за претседател на републиката. Во вториот круг се натпреваруваа Дервиш Ероглу и Мустафа Акинџи кои добија најмногу гласови во првиот круг од гласањето. Акинџи победи освојувајќи 60,5 насто од гласовите на избирачите и на тој начин стана 7’от претседател на Турската Република Северен Кипар. Изборниот резултат наговести дека на Кипар започнува еден нов период. Новиот претседател Акинџи во изјавата после победата употреби поинаков тон од неговите претходници.

Секако дека претседателот Акинџи располага со оригинални ставови и мислења и без дискусија дека негово право е да се заложи за нивно реализирање со цел северно кипарската држава да се стекне со подобра позиција. Разбирливо е и тоа што претседателот Акинџи може да располага со нови предлози и методи за конечно разрешување на кипарскиот конфликт. Како што е тоа пракса во секоја демократска држава граѓаните кои што гласаа за Акинџи но и останатите очекуваат од него да ги исполни предизборните ветувања. Но тука треба да се постави прашањето која е основната цел на Турската Република Северен Кипар и како да се постигне .

За темава имаме коментар на професор доктор Рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки и меѓународни односи на универзитетот Мармара.

Целта е јасна, тоа е мирот и безбедноста и просперитетот на кипарските Турци но начинот и методата како тие да се постигнат се дискутабилни. Челниците на кипарските Турци во 1950’тите години и потоа и Анкара како нивен силен поддржувач имаат идентични ставови во врска со прашањето но со различен пристап што се однесува до методите. Од 1950’тите години до денес меѓу Лефкоша и Анкара во основа истакнуваат два начина.

Првиот е моделот од 1960 година кога беше формирана Кипарската Република чии гаранти беа Турција, Грција и Англија. Но Кипарската Република немаше долг век. Таа се распадна само после 3 години, во 1963 година. После тоа уследија немирни и бурни 20 години така да во 1983 година на сцената се појави моделот независна Турска Република Северен Кипар. Таа ја има единствено поддршката на Република Турција. Во оваа држава живеат само Турците кои се сосема независни од Грците кои живеат во јужниот дел на островот. Овој модел се покажа како успешен во гарантирањето на мирот и безбедноста на Кипарските Турци, кои особено со сестраната турска поддршка 32 години живеат во мир и стабилност.

Сепак треба да се прифати фактот дека северно кипарската република која не доби меѓународно признание се соочува со економски проблеми, што се на се значи дека и по 32 години младата северно кипарска турска држава зависи како воено така и политички, финансиски,економски и по се друго од Турција.
Како раководствата на поделениот остров, така и Турција и меѓународните актери токму поради тоа вложуваат дипломатски напори за изнаоѓање праведно и трајно решение кое ги реши овие проблеми. Поранешниот Генерален секретар на ОН Кофи Анан во 2004 година изготви план за Кипар. За разлика од Турција и кипарските Турци кои го прифатија Анановиот план Грција и кипарските Грци се изјаснија против, иако истиот предвидуваше соединување на турската и грчката заедница. И покрај овој негаторски став Јужен Кипар беше примен во полноправно членство во Европската унија.

Анановата формула која предвидува федерализација на Кипар е замрзната од 2004 година.
Денес пред новиот претседател Акинџи и пред сите инволвирани и заинтересирани страни се појавуваат три поенти. Прво Анановиот план денес ја нема меѓународната поддршка како што ја имаше на времето,второ Јужен Кипар покрена соработка со Израел и со Египет за експлоатирање на енергетските извори на и околу Кипар и конечно и трето поради растечката појава на Исламофобијата треба добро да се процени каква позиција би имале кипарските Турци во Европската унија доколку се примат.

Токму заради тоа и Турција и северно кипарската турска република треба добро да размислат за какво решение се залагаат и да продолжат со меѓусебната соработка, воедно и да не си поставуваат пречки една пред друга.


Тагови:

Слични вести