23 април Меѓународен фестивал на детето

1979 година УНЕСКО ја прогласи за година на детето, а почнувајќи од истата година Турската Радио и Телевизија -ТРТ ја презеде организацијата на Фестивалот на детето

241506
23 април Меѓународен фестивал на детето


23 ти април празникот на националната сувереност и фестивалот на детето се слави по повод одбележување на датумот на формирањето на Големото Национално Собрание на Република Турција. Секоја година овој ден се слави со пригодни свечености на кои се канат деца од целиот свет на меѓународниот фестивал на детето.

По завршувањето на Првата светска Војна која траеше 4 години, земјите од Оската во која беше и Османлиската Држава беа поразени. Со договорот од Севр како поразена земја Османлиската Држава беше поделена меѓу победниците Англија, Франција, Грција и Италија. Последниот султан на Отоманското царство султанот Вахдеттин го испрати Мустафа Кемал Паша кој што се имаше истакнато на битките на Чанаккале во Анадолија како воен инспектор на 9. армија.

Мустафа Кемал Паша на 19 мај 1919 година пристигна во градот Самсун на Црното Море .Тој датум се смета како почеток на народноослободителната војна . Од Самсун отпатува за Амасја, а од таму за Ерзурум и Сивас. На конгресите што се одржаа во Сивас и во Ерзурум беа донесени мошне важни одлуки меѓу кои и одлуката за тоа дека судбината на народот не е во туѓи туку во негови сопствени раце. Друга важна одлука беше одлуката за формирање на Национално собрание во Анкара. Веднаш по донесувањето на одлуката за формирање на Национално Собрание, во Анкара започнаа да пристигнуваат делегати од сите краишта на земјата. На 23 април 1920 година во Анкара пристигнаа избраните пратеници на Првото национално собрание, кои се состанаа на првата седница. На седницата на која беа присутни 115 пратеници беа донесени неколку важни одлуки меѓу кои , формирање на нови народни власти. Првиот состав на Националното собрание се состоеше од пратеници избрани од страна на народот и пратеници со различни идеи, но со една единствена цел : ослободување на земјата од окупаторите. После формирањето на Националното собрание , беше формирана и првата влада , подоцна на 29 октомври 1923 година беше формирана и Република Турција како круна на сета борба за слобода и револуцијата.

Одлуката за прослава на 23 ти април за празник на националниот суверенитет беше донесена во 1924 година. 5 години по тој датум, во 1929 година 23 април беше прогласен за празник на детето. Истовремено 23 април се прогласи и за празник на националниот суверенитет.

1979 година УНЕСКО ја прогласи за година на детето, а почнувајќи од истата година Турската Радио и Телевизија -ТРТ ја презеде организацијата на Фестивалот на детето кој на тој начин доби меѓународен карактер. Првиот меѓународен фестивал на детето во организација на ТРТ се одржа во Анкара со учество на деца од 5 земји и тоа домаќинот Турција, Советскиот сојуз, Ирак, Италија, Романија и Бугарија.
Фестивалот на детето се организира секоја година на 23 април под мотото “Мир во земјата, мир во светот“ а со текот на времето се зголеми бројот на земјите учеснички.

Досега на Меѓународниот Фестивал на детето 23 април учествуваа 110 земји со над 25 000 деца и тоа како во главниот град Анкара така и во Истанбул, Анталија, Измир, Бурса, Коња и другите.

Годинава домаќин на 37. от Фестивал на детето е Анталија.

Фестивалот директно се пренесува на каналите на Турската радио и телевизија ТРТ.

 


Тагови:

Слични вести