Формирањето на НАТО- цели и задачи

4 април се слави како роденден на НАТО - северно атлантскиот пакт

223958
Формирањето на НАТО- цели и  задачи

НАТО беше замислена како организација за воена и одбранбена соработка на западот и како таква во себе носи и воен и политички идентитет.

Воената димензија на НАТО е насочена против непријателите, тероризмот и сличните опасности и закани, а политичката се потпира на идејата на основачите , победниците од Втората светска војна САД, Англија и Франција на формирање на штит пред заканата од Советскиот источен блок.

Договорот од 17 март 1948 година во Брисел што го потпишаа Белгија, Обединетото Кралство, Франција, Холандија и Луксембург се смета како предводник на НАТО сојузот.

Економската соработка и иницијативите за заеднички политики на преден план ја истакнаа потребата од формирање на воено политички сојуз. За појавата на идејата голема улога одигра фактот што Советскиот блок ја контролираше скоро половината од Европа. Стравот дека Советите еден ден ќе ја освојат цела Европа беше најголемиот фактор на формирањето на воено политичкиот блок на западот. Советската блокада на Берлин ги забрза иницијативите за формирање на Алијансата. Во Септември 1948 година беше донесена одлука за формирање на одбранбена организација на Западна Европа. Со приклучувањето на САД во организацијата се засили воената сила на истата против советскиот блок. Со формирањето на оваа организација се креваше опасноста од појава на една друга светска војна.

После период на политички консултации и договарања конечно на 4 април 1949 година во Вашингтон беше потпишан договорот за формирање на Северно Атлантскиот сојуз или накусо НАТО како што е познат. Договорот го потпишаа САД , петте сојузнички од Бриселскиот договор, па Данска, Италија, Исланд, Канада, Норвешка и Португалија. Првиот генерален секретар на НАТО Лорд Исмај тогаш изјави дека целта на Алијансата е Русите да се држат надвор, Американците внатре а Германците долу. Веста за формирањето на Алијансата силно одекна во целиот свет. Тоа беше почетокот на ерата на Студената војна меѓу советите и западот, кои од една страна се тркаа во вооружување а од друга вложуваа напори да го ослабнат противникот. Тоа беше период на обострана битка на шпионите и агентите.

Не може да се тврди дека целиот западен свет имаше позитивен поглед на НАТО. Некои Исланѓани во март 1949 година се приклучија на неутралните средини. Дискусии се водеа и во останатите земји, но тоа не го попречи егзистирањето на алијансата се до денеска.

После формирањето на НАТО се појави изразот Атлантизам и идејата за воспоставување на соработка меѓу Северна Америка и Европа .Оваа идеа и денес е актуелна особено во соработката во одбраната. Целта на атлантизмот е да се обезбеди безбедноста на земјите сојузнички и да се заштитат нивните заеднички вредности.

Членките се договорија да се додаде клаузулата според која напад на една членка ќе се смета за напад на целиот сојуз.

Експертите посочуваат на значењето на членовите 3, 4, и 5, според кои членките на сојузот изразуваат спремност за унапредување на заедничките одбранбени системи, колективна одбрана во случај на загрозување на територијалната или политичката безбедност и независност на било која земја членка и конечно дека нападот на било која членка се смета за напад на сите членки.

Можеби најдискутабилен член од сите останати е членот 6 според кој НАТО може да функционира само во случај на загрозување на земјите од Северниот Атлантик чии граници се јасно определени во спогодбата. По ерата на Студената Војна, членот 6 се прошири и стана поеластичен за конечно по интервенцијата во Авганистан да стане сосема ирелевантен.

Со почетокот на корејската војна во 1950 година комунистичките земји кои соработуваа го принудија НАТО на подготвување на заеднички воени планови, на заедничко командување и раководење и на географско проширување. Турција во корејската војна застана на страната на Западот а турските војници во оваа војна се истакнаа со својата храброст и издржливост. Турската бригата од 5000 војници по име Шималовата ѕвезда, се прочу по целиот свет. Турција под притисок на советите кои бараа да воспостават свои бази во морските теснеци Босфорот и Чанаккале (Дарданелите) во 1952 година се приклучи кон НАТО алијансата. Истата година се приклучи и Грција. Со приклучувањето на Турција и на Грција се блокира патот на Советите за слегување кон топлите мориња. Ерата на студената војна го достигна зенитот. Беше запрена комунистичката експанзија и беше започната силна пропаганда истовремено пропратена со технолошка трка. Кубанската криза како и кризата по поставувањето на нуклеарните боеви глави во Турција беше надмината со дијалог. Беше надмината една нова катастрофа, нуклеарното уништување на човештвото.

Трката меѓу Советите и западот ќе продолжи во вселената. Во вселената првин отпатуваа Советите а веднаш по нив и Американците. Војната на ѕвездите започната во ерата на претседателот Роналд Реган во 1980 ’тите години економски ги уништи Советите. Нивниот крај ја донесе војната во Авганистан. Во 1989 година беше урнат Берлинскиот ѕид, по што дојде до распаѓање на Советскиот Сојуз. Крајот на Студената војна ја крена потребата од постоењето на НАТО. Накусо потоа Алијансата го детерминира новиот непријател – тероризмот. Воените интервенции на НАТО започнаа во Босна и Херцеговина и продолжија во Авганистан. Со избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во Турција беа поставени ракетно одбранбените системи Патриот. Во меѓувреме продолжува ширењето на НАТО кон истокот со приклучувањето на Полска, Чешката Република, Унгарија, Романија и другите доскоро членки на Советскиот блок.

НАТО и денес е активна на сите четири страни во светот со единствена цел да се зачува мирот и стабилноста. Таа дури се вклучува и во спречување на делувањето на пиратите во Сомалија и во другите делови на светот.

Денес кога се одбележува годишнината од формирањето на НАТО алијансата изразуваме голема благодарност до сите оние кои што се вклучени во мировните мисии со една единствена цел одржување на мирот и безбедноста.


Тагови:

Слични вести