Светски Ден на Театарот

Годинава пораката по повод 27 март Cветскиот ден на театарот ја напиша познатиот полски режисер Кшиштоф Варликовски

283315
Светски Ден на Театарот

Денес е 27 март Светски ден на театарот

Почнувајќи од 1962 година 27 март се слави како меѓународен ден на театарот. Овој ден претставува извонредна можност за зближување на луѓето од театарската сцена, за воспоставување поблизок контакт со публиката воедно претставува и голема можност за воспоставување поголеми контакти како на театрите од национално така и на меѓународно ниво.

Меѓународниот театарски институт со седиште во Париз е основан во 1948 ма година од страна на УНЕСКО и меѓународната театарска асоцијација. Целта беше зајакнување на мирот и меѓусебната солидарност ,меѓусебното разбирање и размена на искуства меѓу луѓето од светот на театарот и сценските уметности.

Во тие рамки институтот предводи и организира низа активности во правец на одбележување на меѓународните ден на театарот ширум светот.

Почнувајќи од 1962 година до денес на овој ден една позната личност од театарскиот свет подготвува текст кој се чита пред почетокот на секоја театарска изведба на 27 март. Текстот кој има меѓународен карактер се преведува на над 20 јазици и преку медиумите се пренесува на секој дел од светот. Од 1978 година на предлог на Турција,секоја година на 27 март се објавува национална декларација на театарот чии автори се познати луѓе од театарот или уметноста од секоја земја посебно. Националните и меѓународните декларации се во духот на актуелниот миг на театарот и театарскиот уметник во дадениот момент.

Годинава пораката по повод 27 март Cветскиот ден на театарот ја напиша познатиот полски режисер Кшиштоф Варликовски.

Театарските писатели обично ги пронаоѓаме надвор од театарот. Тоа се обично тие кои театарот не го користат како машини за репродуцирање на клишеа и конвенции. Тие ги пронаоѓаат пулсирачките извори и живите текови на реките кои привидно го заобиколуваат театарските сали каде секојдневно се собираат легија на луѓе во настојувањето да поддржуваат секакви светови. Имитираме наместо да создадеме сопствени светови кои треба да се фокусирани па дури и да зависат од дебатите со публиката и нејзината реакција. Тие светови се скриени а единствено театарот има сила да ги разоткрие. Тие водичи воглавном ги пронаоѓаме во прозата. Постојано и секојдневно размислувам за писателите кои пред стотина години пророчки но сепак внимателно го опишуваа самракот на европските богови кои нашата цивилизација на оставија во мрак се до денеска. Мислам на Франц Кафка, наТомас Ман,и на Марсел Пруст. Денес кон оваа група би го додал и Џон Максвел Куци.
Нивното заедничко чувство за небранетиот крај на светот, не на планетата туку на моделот на меѓучовечките односи, на поредокот и на бунтот, сега силно не следи. Не следи нас кои живееме после крајот на светот. Наспроти криминалот и конфликтите кои се распламтуваат се повеќе и повеќе што дури и нивните се присутни медиуми не можат да фатат чекор. Но овие пожари набргу стануваат досадни, исчезнуваат од медиумските извештаи а ние остануваме беспомошни, престрашени и опколени. Повеќе не успеваме да градиме кули,а ѕидовите кои тврдоглаво ги градиме не не бранат од ништо, напротив тие самите бараат заштита и грижа трошејќи најголем дел од нашата животна енергија. Но ние немаме сили ниту да се обидеме да видиме што се крие надвор од вратата или од ѕидот. Ете дури и само поради тоа треба да егсистира театарот и во тоа да ја бара сопствената сила. Да ѕирне таму каде гледањето е забрането.
„Преданието се обидува да го објасни необјаснивото. Бидејќи тоа потекнува од вистинската подлога о мора да заврши во необјаснивото“ се зборови кои Кафка ги крена до метаморфоза на легендата за Прометеј. Тие силно се однесуваат на тоа каков театар треба да биде и во еден таков театар кој што треба да има почеток во длабочината на вистината и да го пронајде крајот во сите негови дела, на оние на сцената и на оние кај публиката. Честитам од се срце.

Театарот има историја исто колку и самото човештво,тоа е сценска уметност составена од сите видови уметности, со слободен и креативен дух, поради што повремено потпаѓал под разни видови на притисоци, забрани па дури и уништувања. Но за среќа театарот секогаш излегувал како победник од сите нив, а доказ за тоа е што театарот успеал да пристигне почнувајќи од античкиот период па се до денешни современи услови . Театрите во античкиот период можеле да соберат публика од 25 до 35 000 лица, а не како денешните -од едвај стотина. Пример за тоа се театрите во античките градови како што се Ефес, Аспендос во Анталија, Сиде , Бергама и другите. Сите тие биле полни, публиката плачела или се смеела,,,што е исто како и денеска. Театарот исто како во минатите векови и денес преку игра не тера да размислиме за одредени животни вистини. 

Го сакаме театарот затоа што од една страна многу личи на животот а од друга воопшто не личи. Театарот е нешто помеѓу сонот и јавето, меѓу вистината и лагата, меѓу она што е во мислата на уметникот и она што е вистинскиот живот.

Секоја година на 27 март се истакнува универзалното значење на театарот, неговата улога во приближувањето и разбирањето на народите, како и културната и едукативната улога . Театрите уште еднаш ги отвораат завесите, и уште еднаш се среќаваат артистите и публиката, се извикуваат реплики, се слушаат силни аплаузи, што е знак дека и понатаму продолжува магијата на театарот и дека ќе
продолжи се додека постои човештвото.

Специјалната програма посветена на 27 март,светскиот ден на театарот би сакале да ја заокружиме со познатиот турски драматург Халдун Танер кој вели : Да не беше театарот човештвото ќе беше осиромашено. Да живее театарот….

 


Тагови:

Слични вести