Од агендата на Турција и светот 116 / 2015

Настаните и конфликтите кои што се случуваат денеска во Ирак, во Сирија и другите Блискоисточни земји како да велат дека Првата Светска Војна се уште не е завршена туку напротив дека е повторно оживеана

Од агендата на Турција и светот 116 / 2015

Тешко е да се прави резиме за Првата Светска Војна за која досега се напишани и објавени безброј книги и статии. Но ако на војната се гледа низ сто годишната перспектива ќе се забележат одредени критични карактеристики на оваа војна од аспект на хуманоста и светската историја.

Сојузничките земји во Првата Светска Војна Франција, Англија и Русија се бореа против земјите на оската Германија, Австо-Унгарија, Османлиската Империја и Бугарија. Победија земјите сојузнички. Војната имаше големо влијание врз целиот свет а најмногу и директно на самите учесници и секако поразените. Победниците после војната сакаа да воспостават еден нов светски поредок, а поразените добија силен удар од тој поредок.

Првата Светска Војна имаше три основни карактеристики и тоа како прво таа беше врвот на политиките на класичниот империјализам. Националните држави кои што се засилија во 19 век, откога интегрираа голем дел од светот почнаа меѓу себе да војуваат во почетокот на 20 век. Но оваа војна не остана ограничена само со империјалистичките земји туку се одрази на другите во околината на пример Османлиската империја.
Како второ војната ја заокружи ерата на класичните империи и на сцената ги постави новите национални држави. Од овој просец беа најтешко погодени империите како што беа Османлиската и Австо-унгарската. Особено народите кои живееја под власта на Османлиската империја беа моделирани согласно интересите на земјите победнички. Најочигледен пример за тоа е денешната ситуација на Блискиот исток, креирана според интересите на победничките од војната.

Сепак и покрај се не може да се каже дека империјалистичките земји беа успешни во нивните политики, што е третата карактеристика на Првата Светска Војна. Империјалистичките земји не успееја да ги остварат сите свои планови после војната. Неуспех претрпе нивниот план за формирање на ерменска, курдска и грчка држава на териториите на Османлиското царство. Турскиот народ како остаток од империјата им ги расипа плановите кревајќи бунт и започнувајќи народно ослободителна војна против окупаторите на чело со Мустафа Кемал Ататурк и неговите истомисленици. Освен што ги расипа нивните планови тој ја формира и Република Турција нова држава на урнатините од империјата. Тука секако дека треба да се потенцира историското значење на битката и победата на Чанаккале која турските војски ја поведоа против окупаторските војски во пролетта 1915 година.

За темава имаме коментар на професор доктор рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки и меѓународни односи на Универзитетот Мармара.

Има голем број поуки можат да се земат од Првата Светска Војна. Прво сите конфликти кои што се доживуваат на Блискиот исток и тоа особено во Ирак, Сирија и Палестина покажуваат колку лоши биле плановите на победниците на Првата Светска Војна и колку вештачки биле границите кои како со лењир да биле нацртани од страна на победниците на војната. Настаните и конфликтите кои што се случуваат денеска во Ирак, во Сирија и другите блискоисточни земји како да велат дека Првата Светска Војна се уште не е завршена туку напротив дека е повторно оживеана.

Факт е дека условите денеска се многу различни од оние од пред 100 години. Денеска на Блискиот исток освен глобалните актери играат и локалните актери, што од една страна може да се смета како позитивно а од друга како негативно бидејќи локалните актери се во постојан меѓусебен натпревар за лидерство во регионот. Во играта повремено се мешаат и сектите па дури и терористичките организации така да не случајно се вели дека искрата на големата експлозија може да се запали во секој момент. Исто така факт е дека судирите и конфликтите на Блискиот исток не донесоа ништо позитивно на тамошните народи, туку напротив само им донесоа проблеми што е случај со палестинскиот народ кој последните 25 години ги помина во војна и сирискиот кој исто така последните 5 години ги помина во војна.

Одредени средини тврдат дека Првата Светска Војна им стави крај на сите конфликти на Блискиот исток, што мислам дека воопшто не е точно бидејќи таа војна не го реши источното прашање чии последици се видливи и денеска.

Како и многуте војни пред тоа и Првата Светска Војна покажа дека војните всушност не решаваат ниту еден проблем. Авторот на познатата книга „За војната“ Карл фон Клаушевиц вели дека војните се материјал на политиката, т.е. дека проблемите всушност ги решаваат политичарите а војните претставуваат само средства и методи кои ги користат политичарите. Војните ги развиваат воените индустрии само на големите и силни држави, но ги уништуваат послабите и помалите заедници и уште повеќе ги осиромашуваат. Особено ако недоволно развиените земји влезат во војна, тоа е исто како да се коцкаат со судбината на нивните народи, за што историјата досега има покажано на неколку такви примери.


Тагови:

Слични вести