Невруз Празник на Пролетта

Традицијата на славење на Невруз како празник на пролетта и денес е зачувана кај сите турски заедници

Невруз Празник на Пролетта

Невруз празник на пролетта. Почеток на една нова година.

Невруз со разни свечености и верувања се слави кај народите од Централна Азија па се до Балканот. Кај повеќето народи од северната полутопка на планетава овој ден се слави како Невруз. Невруз е ден кога се буди природата,празник на пролетта. Невруз е еден од најстарите празници во човековата историја. На 21 март завршува долгата и студена зима и започнува пролетта со умерени температури и со повеќе сончеви денови. Сончевите зраци ќе ја топлат северната полутопка на планетата Земја. Тоа практично ќе значи почеток на сезоната на продуктивноста, изобилството и бериќетот.

Почвата ,дрвјата,гранките,животните,птиците со еден збор сета природа ќе се буди, а тоа е најголема причина за славје. Зборот Невруз етимолошки има персиско потекло и значи Нов Ден, или Нова Година. Доаѓањето на новиот ден се слави кај сите турски заедници и тоа на целата географија почнувајќи од Централна Азија па се до балканските простори. Турците во Централна Азија Невруз го сметаат за Нова Година. 

На турскиот календар претставен со 12 животни за сите 12 месеци во годината, Невруз е одбележан како почеток на новата година или ден на слободата, излегување од светата планина Ергенекон. Традицијата на славење на Невруз како празник и денес е зачувана кај сите турски заедници и тоа кај азеријците, казаците, киргизите, туркмените, узбеците, татарите, ујгурците, анадолските и балканските турци, или насекаде онаму каде живеат турците.

И покрај тоа што Невруз се слави со различни свечености кај различните турски заедници, сепак кај сите нив има голем број заеднички особености.

На пример се организираат прослави кои го симболизираат раѓањето на природата.

Се чистат домовите и се фрлаат старите алишта.

Се приготвуваат специјалитети кои се изнесуваат на богати трпези.

Се облекува чиста носија и се играат народни игри пропратени со народни песни.

Се колат жртвени животни во знак на богатство и изобилство

Има голем број адети и обичаи поврзани со празникот на пролетта Невруз.
На овој празник се чадат домовите, децата, стоката со чадот на едно растение за кое се верува дека чува од лоши духови и уроци. Се купува нова облека, се даруваат поклони на најблиските, се просат девојки, се помируваат скараните, се посетуваат роднини и пријатели, на верените девојки им се носат посебни дарови, се посетуваат гробишта, девојките се облекуваат во црвено, се посетуваат болни и им се носат дарови и пред да заоѓа сонцето се прескокнува преку вода.

Во 2010 година Обединетите Нации 21 март го прогласија за светски ден.

Невруз е пламенот кој без престанок гори, пламенот на духовите на нашите предци кои ги стопија железните планини Егенекон. И покрај тоа што празникот Невруз помалку е запоставен во поголемите градови поради навлегувањето на модерниот начин на живот, тој се уште со големи веселби се слави во внатрешноста и селата. Иако помалку подзаборавен Невруз треба повторно да оживее и да се негува иљадници годишната традиција. Бидејќи Невруз е симболот на бериќетот, на изобилието, на повторното раѓање, на братството, и на радоста.

Со желба овој Невруз да биде прославен во атмосфера на мир, разбирање, братство и соживот им го честитаме празникот на сите наши слушатели без разлика на која страна од земјината полутопка се наоѓаат.


Тагови:

Слични вести