100 годишнина од победата на Чанаккале

Чанаккале е срцето на турската татковина. Најсилните армии на светот беа порази на оваа легендарно место

100 годишнина од победата на Чанаккале

Чанаккале, Гелиболу,

Убав град со бериќетна почва, со богати термални извори и со цветни полиња.
Чанаккале се наоѓа на нај северозападната точка на Анадолија, на местото каде што се спојуваат двете мориња Мраморното и Егејското море. Овој дел на Турција има големо стратегиско значење бидејќи претставува важен природен коридор. Токму заради ова стратегиско значење коридорот бил сцена на најкрвавите битки во историјата. И покрај неколкуте жестоки битки градот повторно наоѓал сили за оживување и повторно се кревал на сопствените нозе. Чанаккале е местото на повторното раѓање на турската нација. Победата на Чанаккале во 1915 година претставува прествртница во историјата на турскиот народ. Оваа војна е почетокот на патот што ќе резултира со формирање на Република Турција.

Да се вратиме 100 години назад на 18 март 1915 година.

Времето беше сончево и топло, небото кристално сино а морето мирно,без бранови.
Пролетта беше на прагот, дрвјата само што не беа расцветале. Младите турски војничиња ги облекоа своите чисти алишта. Војниците во Турција имаат колективно име , се викаат Мехметчик. Војничињата се измија, си зедоа абдест, со молитви на усните и огромна љубов кон татковината застанаа простум на колективен намаз. Божем како да се спремаат за бајрам намазот, што се клања во раните утрински часови на секој бајрам. Ете младите војничиња беа среќни како да го клањаат бајрам намаз. Но наместо за бајрам тие се подготвуваа за битка, за да загинат за татковината.

На фронтовите трчаа млади војничиња од сите страни на Анадолија. Млади ученици, студенти, земјоделци, сточари, занаетчии, пејачи, мајстори, калфи, чираци, учители,сите тие облечени во најчисти униформи трчаа кон линијата на фронтот, трчаа кон прегратките на смртта.

Пред точно 100 години, со цел да се уништи Османлиската империја и за да се освојат морските теснеци, Босфорот и Дарданелите западните земји кроеја разни планови.
За тоа познатиот турски писател и поет Мехмет Акиф имаше напишано : долго време западот ни висеше како крвав нож на нашите плеќи“. Англија, Русија, Франција и другите западни сили користејќи го виорот на Првата светска војна се спремаа да го убијат “болниот од Босфорот “ но пред тоа требаше да поминат низ Чанаккале.

Оваа нивна желба ја закопаа младите турски војничиња заковани во рововите на Чанаккале. Полуостровот Гелиболу денес е преполно со трагите на големите битки што на 18 и на 25 март се водеа на копно и море за освојување на овој стратегиски рт на Чанаккале.

Ова славна победа турските војници ја добија во битките што ги водеа со бајонети а понекогаш и со голи раце. Оваа битка беше почетокот на формирањето на Република Турција. Битка за опстанок на еден народ, кој на непријателите им рече „ ете јас сум тука“ . Битките на Чанаккале се водеа на неколку фронта, на копно и на море. Поморските битки започнаа на 18 март 1915 година. Англиските бродови доживееја вистински пораз. Засилени и поддржани со единиците на Франција, Австралија и Нов Зеланд на 25 април тргнаа во копнена офанзива. Тие беа добро опремени и наоружани. Младиот Мехметчик имаше само пушка, бајонет и неколку парчиња муниција, но имаше верба и решителност. Анзачкиот војник Алек Мартин во својот дневник запишал: не напаѓаат со бајонети а ние ги косиме со митраљези.“ Се водеше битка за секоја педа земја, за секој сантиметар. Земјата беше изорана од гранати, бомби, барут и крв. Младиот турски војник силно и цврсто се фати со рацете за тлото на Анадолија и не ја пушти од рацете.
Најсилните армии на светот беа порази на оваа легендарно место.

Чанаккале е срцето на турската татковина. Во Националниот парк Гелиболу и денес можат да се видат топови, фронтовски линии, орудија, делови од оружја, предмети кои што ги употребувале војниците, како и гробовите на загинатите турски, но и на непријателските француски, новозеландски, австралиски и англиски војници.

Оваа земја денес е земјата на мирот. Внуците на турските војници кои застанаа во одбрана на татковината токму на овој најистурен дел на Анадолија денес се горди на нивните храбри претци.

Битката на Чанккале беше последната романтична битка во историјата. Велиме романтична затоа што турските и непријателските војници беа на само неколку метри оддалечени во своите ровови. На моменти ги слушаа песните на спротивната страна , на моменти се бореа еден против друг. Тие и денеска лежат еден покрај друг гушнати во плодната земја на полуостровот Гелиболу.

18 март секоја година се слави како една од најславните битки во историјата на турскиот народ и се слави како ден на хероите кои го положија животот за татковината. На 25 април во Гелиболу секоја година пристигнуваат внуците на австралиските и новозелански војници наречени Анзаци кои исто така ги оставија коските во Гелиболу.

2015 година има посебно значење за сите нив. 2015 година се слави 100 годишнината од легендарните битки на Чанаккале. Турскиот народ овој светол празник го слави со низа свечености , со молитви за душите на загинатите јунаци. Оваа битка беше судбоносна за постоењето на денешна Република Турција. Доколку непријателот го поминеше Чанаккале можеби немаше да ја има Република Турција. Можеби долги години ќе бевме англиска колонија или колонија на една од непријателските земји против кои се боревме во Чанаккале.

Битката на Чанаккале создаде нови личности кои го поведоа турскиот народ во народно ослободителна војна против непријателите, и им даде сила и верба на сите Турци дека оваа е нивна земја, нивна татковина.

Со истата таа решителност и истата верба беа напишани легендарните зборови „ Чанаккале не може да се помине“ .

 

 


Тагови:

Слични вести