Од агендата на Турција и светот 105-2014

Дали постои глобална култура ?

167011
Од агендата на Турција и светот 105-2014

Кога ќе се фрли поглед на начинот на размислување и однесување на луѓето ширум светот ќе се забележи дека и покрај постоењето на одредени разлики сепак постојат и одредени сличности што наведува на заклучокот на постоење на една глобална светска култура.

Ова на најочигледен начин се забележува на новогодишните прослави. Во последните години стана традиција новата година да се дочекува на плоштадите на најголемите светски метрополи како што се на пример Сиднеј, Њуделхи, Москва, Истанбул, Париз, Лондон, Вашингтон и другите. Точно на полноќ во 00.00 часот со големи овации ,радост и извици на среќа се пречекува новата година, се доживува вистински спектакл од огномет на небото. Сепак кога говориме за традиција треба да кажеме дека традицијата на пречек на новата година на ваков величествен начин ја нема насекаде. Во одредени делови на светот новата година се пречекува во домашна атмосфера, или слично во кругот на блиските и пријателите.

Вакви масовни изливи на радост не се само новогодишните прослави на градските плоштади туку на пример и на спортските игри како што се олимписките или светските првенства во фудбал. Припадниците на различните верски, јазични и културни средини ги забораваат меѓусебните разлики и сите сплотени во една целина навиваат за своите државни фудбалски екипи. На стадионите се веат знамиња во различни бои, така да на овие меѓународни спортски натпревари не победуваат поединци туку победува спортот и спортскиот дух.

За темава имаме коментар на професор Рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки на универзитетот Мармара.

Примерите за кои пред малку говоревме, вели професор Рамазан Ѓозен покажуваат дека одговорот на прашањето дали постои глобална култура зависи од аголот од каде што се гледа на светот и на човештвото воопшто. Факт е дека човекот е поделен на нации, вери, култури, јазици, племиња и слично. Тоа не го велиме само за да ги истакнеме различитостите туку за да ја констатираме фактичката состојба. На пример во светата муслиманска книга Курани Керим се вели дека луѓето се создадени во вид на племиња. Голем број филозофи истакнуваат дека секоја нација или држава има своја култура. Кога говориме за држава треба да истакнеме дека тука веќе не станува збор за племенска заедница туку за нација. Секоја нација си има своја култура што ја претставува појдовната точка за постоењето на културни разлики. Разликите повремено стануваат причина за судир на интереси кои во најлоша варијанта се претвораат во воени конфликти. Тоа е доволен доказ дека во светот не постои глобална култура што воедно претставува непобитен факт.

Но пред малку ги истакнавме примерите на прославите по повод пречекот на новата година или спортските спектакли и рековме дека овие настани претставуваат прилика за зближување меѓу луѓето. Тука најпозитивен пример се олимписките игри кои што се претвораат во сцена на собир на стотици па и иљадници припадници на различни нации, вери, јазици и култури на неколку дена на едно место. Ова констатација ја има и во Курани Керимот каде се вели дека припадниците на различните племиња треба меѓу себе да контактираат и да соработуваат.

Земајќи ги сиве овие фактори во предвид може да се истакне дека во светот постои, ќе постои или треба да постои една заедничка култура која би била во функција на зачувување на планетава земја таква каква што е. Констатација која неминовно води кон свеста за зачувување на човековата околина и за претворање на планетава во топол и сигурен дом за сите нејзини жители. Значи доколку во светот постои свест за глобална култура таа би требало да биде фокусирана кон животната средина, мирот и просперитетот на сите жители на планетава .

За многумина изразите запазување на човековата околина, мирот и безбедноста на сите жители на планетава Земја можеби изгледаат премногу оптимистички и нереални па дури би рекле и помалку идеалистички и утописки, и тоа не без причина. Но без разлика на се ние сме на страната на оптимистичките средини кои велат дека да се биде човек значи и да се однесува како човек, да се води грижа и за другите и за следните генерации. Постоењето на една заедничка култура меѓу припадниците на различните нации нема да биде од корист само за нив самите туку и пошироко.

Како резиме од сево ова што досега го кажувавме може да се констатира дека новогодишните прослави или светските олимписки игри во една смисла претставуваат симболи на постоењето на една заедничка култура, што рака на срце се уште не се има доволно развиено и го нема достигнато врвниот степен.
Вистинска заедничка култура би било кога сите луѓе би се радувале или тагувале за еден ист настан, појава или друго.
Тоа беше коментарот на професор доктор Рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки на универзитетот Мармара на тема дали постои глобална култура.

 


Тагови:

Слични вести