Од Агендата на Турција и Светот 101 / 2014

Основната причина на посетата на Папата на Истанбул и на Турција беше унапредувањето на односите на Ватикан со Православната Црква

138342
Од Агендата на Турција и Светот 101 / 2014

Поглаварот на Католичката Црква и претседател на Ватикан Папата Франциск од 28 до 30 ноември престојуваше во официјална посета на Анкара и Истанбул. Посетата беше делумно дипломатска, делумно верска, така што во Анкара се водеа политички разговори а во Истанбул темите беа претежно верски со посета на култно историските знаменитости на Истанбул.

Папата Франсик во Анкара беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и од страна на државниот секретар за верски прашања Мехмет Ѓормез. На дневниот ред на разговорите беа поставени прашања посветени на односите меѓу Турција и Ватикан. Претседателот Ердоган и Папата Франциск во разговорот ја истакнаа желбата за меѓународен мир и акцентот го ставија на човечката драма која што се доживува во кризните подрачја во светот на чело со Сирија и Ирак.

Тешко е да се каже дека желбите од овој вид можат да пристигнат подалеку од обична дипломатска реторика бидејќи Папата не е политичко лице ниту силен актер кој може да влијае врз решавањето на светските политички кризи и покрај тоа што е претседател на ватиканската држава. Влијанието на институцијата Папа на меѓународната политичка сцена е скоро минимално во последните 400 години. Поради појавата на секуларизмот во модерниве времиња местото на влијателните црковни институции го зазедоа политичарите кои што се претворија во силни одлучувачки механизми.

За сево ова имаме коментар на проф.др. Рамазан Ѓозен од катедрата за политички науки и меѓународни односи на Универзитетот Мармара во Истанбул.

Еве што вели професор Ѓозен: Ватикан не е држава во класична смисла на зборот туку држава во држава, т.е. држава во внатрешните граници на Италија. Сосема слободно може да се каже дека денеска влијанието и авторитетот на папската држава не е толку силно како што беше во минатото поточно во средниот век. Со потпишувањето на договорот од Вестфалија во 17 век Папската држава го има загубено сиот политички авторитет во Европа. Од друга страна според Лозанскиот мировен договор Православната Црква во Истанбул како и неговиот патријарх се врзани кон државата Република Турција. Православниот патријарх со седиште во Фенер Истанбул има респект и преку границата во црковните кругови и средини но нема апсолутно било каква политичка моќ.

Сепак тоа не треба да се толкува на начин дека папството како црковна институција или патријархот како врховен православен поглавар се сосема изолирани од политиката. Факт е дека како Папата така и Патријархот во Фенер имаат голем респект и почитување кај сопствените средини, во католичкиот и православниот свет. На пример Ватикан не е само државна институција на Католиците туку воедно е претставник на скоро една милијарда Католици ширум светот.

Разговорите кои Папата Франсик ги водеше во Истанбул беа сконцентрирани на унапредување на меѓуверските и меѓусекташките односи и релации. Фактот што Папата во текот на посетата на Истанбул првин ги посети исламските свети места, што се помоли во џамијата Султанахмет, што ислуша неколку ајети во придружба на гласот на езанот беше доволно силен знак за почитувањето на меѓуверскиот дијалог. Од друга страна пак неговото учество во мисата во една православна црква во Истанбул, средбата и разговорот со патријархот на православната црква Бартоломеос, потпишувањето на декларација меѓу двете цркви има исклучително големо значење за христијанскиот свет.

Поаѓајќи оттука може слободно да се каже дека основната причина на посетата на Папата на Истанбул и на Турција беше унапредувањето на односите на Ватикан со Православната Црква. Односите меѓу двете цркви се влошени уште од 1054 година кога двете цркви меѓу себе се анатемисаа. Нивните прекинати односи делум беа подобрени во 1960 година, а сега со декларацијата која ја постигнаа Папата и Патријархот повторно оживееја. Декларацијата предвидува јакнење на институционалните односи меѓу Католичката Црква која има скоро 1 милијарда верници и Православната Црква со околу 300 милиони верници. Тоа од друга страна има големо значење од аспект на јакнење на односите меѓу двете највлијателни црковни заедници во светот, па дури може и да се толкува како предизвик на останатиот свет.

Како прво треба да се размисли потенцијалното влијание на овие односи врз Турција. Декларацијата која ја потпиша патријархот Бартоломеос нема било какво обврзувачко дејство врз турската држава бидејќи се работи за чисто црковно прашање. Треба да се потенцира дека постои јасно разграничување меѓу црковните и државните функции. Во случај да декларацијата се одрази негативно на било кој интерес на турската држава тогаш може да предизвика одредени компликации.

Фактот што декларацијата беше потпишана после разговорот и приемот на Папата кај претседателот Ердоган укажува на податокот дека Турција нема ништо против декларацијата. Турција се залага за верски слободи така што смета дека декларацијата ќе има позитивен ефект врз нејзиниот имиџ во католичкиот и православниот свет.

Втората димензија на декларацијата се однесува на односите меѓу Москва и Фенер во Истанбул, што директно ја засега Русија. Битката за превласт меѓу црквите во Москва и во Истанбул се одразува на Балканот, Источна Европа, и пошироко во светот. Според тоа декларацијата може да предизвика посилно влијание на Патријаршијата во Фенер во православниот свет што директно ја засега Москва и московската црква и секако претседателот Путин, и секако индиректно релацијата Истанбул-Москва.

Секако дека односите меѓу Турција и Русија не се оптеретени со верската димензија. Сосема случајно е што претседателот Путин во Турција допатува веднаш после Папата Франциск. Констатацијата се поткрепува и со фактот дека Путин беше повеќе заинтересиран за економски и политички прашања.

 


Тагови:

Слични вести