Интервју со Нуман Куртулмуш потпретседател на владата

Ние сме таму каде има Турци и се обидуваме да ги решаваме нивните прашања и проблеми.

148357
Интервју со Нуман Куртулмуш потпретседател на владата

Интервју со Нуман Куртулмуш потпретседател на владата

- Господине Куртулмуш вие како потпретседател на владата го водите ресорот за прашањата и проблемите на турците кои живеат во странство и братските заедници, па што ќе им кажете на нашите државјани кои живеат во странство во врска со активностите во претстојниот период?

Нуман Куртулмуш :

Како прво уште на почетокот сакам да истакнам дека како ресор кој што се грижи за прашањата и проблемите на Турците кои живеат во странство и братските заедници, можам да истакнам дека се гордееме со она што го имаме постигнато досега и можам да кажам дека навистина имаме постигнато многу во делот што се однесува на подобрување на положбата на турските граѓани во странство и положбата на нашите братски заедници во земјите во кои што живеат независно од тоа дали е тоа Балканот, кафкаскиот регион, блискиот исток или во било кој дел на светот. Нашите братски заедници за нас се дел од нашиот народ, дел од турската нација така да ги чувствуваме и ги почитуваме како такви.

Еден друг сектор кој што го води нашиот ресор се студентите кои доаѓаат да студираат во Турција. Сакам да кажам дека нашата активност има широк спектар. Со еден збор ние сме таму каде има Турци и се обидуваме да ги решаваме нивните прашања и проблеми. Се трудиме да ги привлечеме кон нашата земја Турција. Можам сосема слободно да кажам дека навистина се прават големи дела, кои стануваат се побројни со секоја измината година. Кога би се изразувале со цифри мислам дека ќе биде доволно ако кажам дека нашиот ресор се грижи за околу 6 милиони Турци во дијаспората. 5 милиони од нив живеат во Европа, од кои 150 000 во далечна Австралија. Во САД живеат десетици иљади Турци, исто така и во Латинска Америка. Така што ние како владин ресор се грижиме за положбата прашањата и проблемите на нашите сограѓани кои живеат во Европа, Америка, Австралија, Африка Азија и во другите делови од светот. На пример се грижиме за нивните проблеми како што е на пример државјанството па се до добивањето на син картон, за граѓанските здружение на турците во странство и слично и се трудиме да излеземе во пресрет на нивните баража , желби и потреби.

Почнувајќи од Балканот па се до кафкаскиот регион, Блискиот исток и во другите региони ширум светот се грижиме за зачувување на турскиот национален идентитет за зачувување на турскиот културен мираз и за подобрување на положбата на турското население таму.

Сакам да кажам дека постигнуваме голем успех во провлекувањето на странските студенти кои сакаат да студираат во Турција. Во моментот од сите четири страни на светот над 13 000 студенти се имаат обратено за студирање во нашата земја и ние како ресор вложуваме напори да одговориме на нивните барања воедно и да одговориме на нивните потреби како што се обезбедување на стипендии за школување, сместување во студентски домови и интернати како и нивното патување во родните земји.

Како реков пред малку во моментов имаме 13 000 молби од студенти од странство од кои 4000 веке добија стипендии само за оваа студиска година кои бараат да се школуваат во универзитетите во Турција. Инаку вкупниот број на молбите на студентите од странство изнесува некаде околу 80 000. Сите тие сакаат да студираат во Турција. Тоа од друга страна е знак за големото интересирање што владее во странство за Турција. Тука секако дека голема улога има нашиот ресор, што можам слободно да го истакнам. Пред малку реков дека се грижиме за положбата на Турците низ светот , како што е на пример прашањето посветено на нивната интеграција во земјата во која живеат. Во Европа живеат 6 милиони Турци од кои 3,5 милиони само во Германија. Останатото живее во Франција, Австрија и во другите европски земји. Во последниот период за жал во Европа се поевидентно станува нерпеливоста на домородното население кон странците особено кон муслиманите, таканаречената исламофобија. Оваа негативна појава веќе ги надмина границите на национализмот и расизмот и се претвори во непријателство. Тамошните народи секако тоа не се однесува на сите туку на одредена група од нив, апсолутно не ги сакаат странците. Исламофобијата за жал присутна е во Германија и во Франција и во останатите европски земји и во последно време како што реков се заканува да се претвори во вистинска опасност за муслиманите таму. Ова е особено чувствително прашање деновиве кога се забележуваат одредени сериозни операции, од една страна ИДИЛ и сличните организации кои сечат глави, вршат разни злосторства, измачуваат, вршат разни зулуми, малтретираат, од друга страна пак средини, таканаречени тешки исламофобиски, кои ги искористуваат овие негативни појави за свои цели велејки ете гледате зарем ние не велевме дека исламот е еднаков со теророт. Така што ние треба да бидеме будни пред сиве овие појави, и општо земено водејќи грижа светот да биде запознаат со убавите страни на исламот, и поединечно водејќи грижа за проблемите на секој поединец посебно и за нивната заштита од непријателско настроените расистички средини. Нашиот ресор секојдневно води активности како за промена на имиџот на исламот во западните земји така и за создавање на атмосфера на сигурсност и безбедност кај нашите граѓани кои живеат во тие средини.

- Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста и споделбата. Сепак за жал деновиве одј празник го празнуваме во една тажна атмосфера од причина што на многу места во светот муслиманите се соочуваат со големи проблеми. Која би била вашата бајрамска порака до нив?

 За жал така е. Наша желба е сите муслимани овој Курбан Бајрам да го поминат во празнична атмосфера онака како што му доликува на Курбан Бајрам, среќни и весели. Но реалноста е друга. Ете гледате во нашето непосредно опкружување во Сирија, во Ирак и другите. Турција е земја која е најмногу погодена од случувањата таму. Првин дојде бранот на бегалците Језиди, скоро в36 000 пребегаа во Турција. Ние ги отворивме нашите граници за сите бегалци од тој регион независно од тоа од која религија се, кој јазик говорат, која е бијата на нивната кожа, ги прифативме сите. Сега пристигнаа уште 24 000. Не случајно го велам ова бидејќи одредени средини особено во западна Европа велеа ете гледате Турците ги прифаќаат само арапите сунити не ги прифаќаат Курдите и Језидите. Тоа не е ништо друго туку црна пропаганда. Но се излажаа и се засрамија бидејќи Турција ги отвори своите гранични премини за сите бегалци подеднакво не правејќи било каква разлика меѓу нив.

Првин ги прифативме Језидите а потоа Курдите кои пребегаа од градот Кобани во Сирија пред масакрот на ИДИЛ. На 19 сепрември годинава за само еден ден, поточно за само 18 часа во Турција влегоа 70 000 сириски Курди. Сите се здрави и живи и сместени во кампови за бегалци. Не мислам дека во светот има друг таков пример како Турција. Освен тоа за само 3 дена 158 000 сириски Курди влегоа во Турција напуштајќи ги своите домови во Сирија. Турција е пример за останатите земји во регионот па дури и во светот според хуманоста и солидарноста. Турците како народ досега неколку пати во историјата се покажаа како солидарни и примија прогонати народи и бегалци. Во април 2011 година кога започна кризата во Сирија скоро 1,5 милини бегалци од оваа земја се засолнаа во Турција. Секако дека тоа не е лесно, бидејќи прашањето има економска димензија, има социјална димензија, но свесни за тоа ние не им свртевме грб на луѓето во невоља ги прифативме и се трудиме да ги задоволиме нивните секојдневни потреби.

Сакам посебно да потенцирам дека Турција денеска е на третото место во светот според пружената хуманитарна помош . При на списокот се САД, а по нив Англија и ние на третото место . Но ако се земе во предвид бруто националниот доход по глава на жител , или поинаку кажано богатството на земјите, тогаш Турција е на порвото место на истиот список. Ова значи дека да се помогне некому кој што е во невоља не зависи само од богатството со кое располагате туку зависи пред се од солидаризирањето со маката и болката на другиот и со желбата да му се излезе во пресрет без разлика дали имате пари или не. Тоа го покажа Турција како држава со голема историска традиција, со знаење и со искуството стекнато низ вековите. Пред малку кажав неколку бројки. Реков дека за 3 години во Турција пребегаа 1,5 милиони бегалци од Сирија. Кога се кажуваат овие бројки не се мисли на маките и страдањата на тие иљадници луѓе кои биле приморани да ги напуштат вечните огништа, полињата, нивите, роднините,соседите и своите блиски. Можеби мал е бројот на нас кои мислиме на нив овое празнични денови кога го славиме Курбан Бајрам. Но за жал има и полошо од тоа. Иљадници луѓе загинаа, иљадници се борат со сиромаштијата , се борат за голиот живот под секојдневното бомбардирање и убивање. За среќа Турција е како остров на мирот и стабилноста и тоа почнувајќи од 90’тите години на минатиот век кога се водеа крвави војни како на Балканот така и во кафкаскиот регион, Блискиот исток, Северна африка и сека како последно во Источна европа. Се надеваме и се молиме Турција и понатаму да биде остров на мирот и на стабилноста, да ја зачува својата политичка стабилност и сигурност и да има сила да одговори на повиците за помош и мир. Сепак и покрај тоа наша желба е да се создаде атмосфера на мир, сигурност и безбедност во целиот свет, никој да не повикува на помош. Како што вели еден хадис посветен на нашиот пејгамбер „да се создаде свет во кој муслиманските заедници ќе можат да живеат во мир така да сама жена муслиманка ќе може да патува од Хадрамут до Дамаск и Халепо без да наиде на било каква опасност по патот.“

Ете ние се бориме за една ваква географија, за живот во едни вакви услови. Иншаллах светот ќе живее во вакви услови.

Користејќи ја приликата јас им го честитам Курбан Бајрам на сите 6 милиони Турци кои живеат во дијаспората и им пожелувам среќни и весели празнични денови. Посакувам овој бајрам да помине во атмосфера на солидарност и меѓусебно споделување, пријателство, другарување, со роднините, блиските и саканите, независно од тоа што се далеку од татковината. Јас знам колку тие копнеат по татковината, по Турција и по родните краишта.

Очекувам да се поздрават со роднините во родната земја да си честитаат бајрам, Господ га им даде здравје и долг живот. На сите им пожелувам посветла иднина да живеат во мир, слога и братство, и како што велат постарите Алах да им даде само добрина.

Среќен Курбан Бајрам.



Тагови:

Слични вести