Здравје Туризам Турција 25 / 2014

Најпознат геотемален извор во Измир е изворот Балчова, но не само во Измир овој термален извор е популарен и во Европа, така што секоја година во Балчова доаѓаат туристи од скандинавските и западно европските земји

102056
Здравје Туризам Турција 25 / 2014

Градот Измир на брегот на Егејското море и најголем град во овој дел од Анадолија има историја од 9000 години. Со сините плажи, со умерената клима, со природните убавини овој град истовремено се истакнува и како културен, историски и трговски центар во западна Турција. Двата најголеми антички града се наоѓаат токму кај Измир. Тоа се античките градови Ефес и Бергама. Измир исто така е популарен и по геотермалните лековити води.

Најпознат геотемален извор во Измир е изворот Балчова, но не само во Измир овој термален извор е популарен и во Европа, така што секоја година во Балчова кај Измир доаѓаат туристи од скандинавските и западно европските земји.
Балчова како и ред други термални извори во Турција бил познат уште во античкиот период. Во античкиот период Балчова се викал Изворот на Агамемнон. За името на овој термален извор постојат две легенди. Според првата Агамемнон едниот од хероите на тројанската војна, кралот на Микена имал преубава ќерка која за жал се разболела и добила рани по телото. Агамемнон од став болеста да не се прошири меѓу неговите војници наредил ќерка му да ја изолираат и да ја однесат кај термалните извори. Таа пиела од лековитата вода ,се капела во неа и се мачкала по телото со калта. После извесно време на нејзина радост и на радост на нејзиниот тако кралот Агамемнон раните и поминале и таа била многу по убава и посвежа од порано. Кога го видел тоа кралот Агамемнон многу се израдувал. Според другата легенда пак, кралот на Микена Агамемнон наредил ранетите војници да се лекуваат кај термалниот извор во близина на Измир, тогашна Смирна . Војниците ги лекувале раните цели 10 години колку што траела тројанската војна. Кралот Агамемнон наредил да се изградат купатила и базени кај термалниот извор, што било сторено.
Не се знае која од овие легенди е вистинска но едно е сигурно а тоа е дека термалниот извор кај Балчова е познат скоро 3000 години, за што постојат и записи кои го поткрепуваат тој факт.


Денеска говориме за термалниот извор Балчова кај Измир. За овој термален извор пишувале и Хомер и Страбон. Термалниот извор Балчова се користел како лековита вода иљадници години, па дури постои и податок дека истиот за лекување на раните го користеле и војниците на Александар Македонски. Сепак после античкиот период изворот ја губи популарноста, за повторно да се прочуе благодарение на извесен французин по име Елфонт Мил во 1763 година, кој поаѓајќи од историските читанки тргнува во потрага по термалниот извор на Агамемнон и го пронаоѓа. После неговото откритие во околината на термалниот извор Балчова се градат нови купатила и базени а подоцна и хотели за сместување на туристите.
Tемпературата на термалниот извор Балчова изнесува 63 степени и истата се користи како за капење така и за пиење. Освен тоа гостите на бањата ја користат и лековитата кал. Топлата минерална вода поволно делува на лекување на воспаленијата на горните дишни патишта, на реуматичните заболувања, на болестите на метаболизмот и на кожните болести и воспаленија.

Термалните извори Балчова годишно ги посетуваат околу 500 000 гости како од земјава така и од светот, далеку од вревата на градот, во мир, тишина и прекрасна природа . Поголемиот дел од европските држави ги плаќаат сметките за терапија на своите државјани во Балчова. Зиме сместувачките капацитети на Балчова се преполни со гости од скандинавските земји, кои ја користат умерената и блага клима на Измир и термалните бањски води како за лекување на реуматичните заболувања така и за одмор и рекреација. Во близина на сместувачките капацитети се изградени голем број центри за физикална терапија , во кои освен традиционалните методи на лекување се користат и современите како што се балнеотерапија, електротерапија, актинотерапија, кинезитерапија, хидротерапија, физиотерапија, и другите. Накусо кажано Балчова со своите термални бањи, со обучениот здравствен персонал, со најсовремените методи на лекување и со убавото и благопријатна клима во текот на целата година ги очекува гостите како од земјава така и од странство. Уште само како податок да кажеме дека термалниот извор Балчова е оддалечен само 25 километри од аеродромот кај Измир.

 


Тагови:

Слични вести