Здравје Tуризам Турција 24/2014

Во ова продолжение од програмската серија Здравје Tуризам Турција ќе ве запознаеме со лековитите својства и природните убавини на бањата Кизилџахамам кај Анкара

96858
Здравје Tуризам Турција 24/2014

Термалните води кои што извираат од внатрешноста на земјата како денеска така и во минатото го привлекувале вниманието на луѓето, така да со текот на времето биле откриени лековитите и благопријатни особености на овие води богати со минерали. Термалните води античкиот човек ги користел и за лична хигиена и за психолошко смирување, за лекување на раните и уморот. Со еден збор термалните води биле лек како за душата така и за телото. Турција како географија е богата со термални извори. На територијата на Турција постојат некаде околу 1500 термални извори, што биле користени како од страна на античкиот човек така и од страна на модерниот човек. Денеска е можно во близината на термалните извори да се забележат антички купатила што доволно говори за значењето кое античкиот човек им го придавал на лековитите топли извори.

Во ова продолжение од програмската серија Здравје Туризам Турција ќе ве запознаеме со лековитите својства и природните убавини на бањата Кизилџахамам кај Анкара. Термалниот извор Кизилџахамам се наоѓа на север од главниот град Анкара на само неколку километри. Римјаните многу добри ја познавале оваа бања за што говорат голем број остатоци од римскиот период околу изворот.
Самата природа кај Кизилџахамам е доволна за да привлече голем број посетители. Не само термалниот извор туку и прекрасната природа секоја година привлекуваат голем број туристи како од земјава така и од странство кои уживаат во капењето во термалните бањи, прошетките по околината, спортувањето, или само заради одмор од градската врева.

Термалниот извор Кизилџахамам е богат со сулфур, натриум, јаглерод и арсенични соединенија а температурата на водата изнесува од 44 до 86 степени.
Термалниот извор Кизилџахамам е погоден како за неколкудневна терапија така и за престој за време на викенди или пократок период.
Што се однесува до болестите на кои поволно влијаат топлите термални извори на Кизилџахамам да кажеме дека тоа се реуматичните болести, срцевите и венозните болести болестите на мускулите, на црниот дроб, на жолчната кеса, на зглобовите, остеопозата, желудникот, нервниот систем и исхраната.

Кизилџахамам во Турција не е познат само како термален извор туку и како минерален извор кој може да се користи за пиење. Водите кои што извираат од изворот на Кизилџахамам се флашираат и се продаваат низ целата земја.
Пред неколку години градските власти на Кизилџахамам започнаа со организирање на Фестивалот на водата со цел промоција на термалните води и на самиот град преку забава и разонода. Фестивалот секоја година привлекува се поголем број гости кои доаѓаат за да уживаат во прекрасната природа и чистиот воздух на Кизилџахамам и околината.

Друг термален извор во околината на главниот град Анкара е изворот Хајмана кој што се наоѓа на 73 километри оддалеченост од градскиот центар. Историските податоци говорат дека Хајмана во минатото се наоѓал на самиот Кралски пат и дека бил познат дури во времето на владеењето на империјата на Хититите, поточно пред 4000 години. Археолошките ископувања фрлаат светлина на овој извор и велат дека освен Хититите термалниот извор го познавале и го користеле и Галатите па дека дури и го нарекле Галатиа Салутарис. Хајмана бил ценет термален извор и во времето на Римјаните кои изградиле купатила околу изворот. Температурата на водите на термалниот извор Хајмана изнесува 44 до 45 степени и изобилува со натриум, калциум, магнезиум и минерални соединенија. Лекарите топлата вода на Хајмана ја препорачуваат за лекување на реуматичните болести, невралгијата, за болестите на дишните патишта и за женските болести. Доколку се пијат термалните води на Хајмана поволно влијаат на желудникот, црниот дроб, жолчната кеса и панкреасот.
Фактот што термалниот извор Хајмана е блисок до главниот град Анкара придонесува да биде многу посетен како во неколкуте хотели во околината на изворот така и во селските пансиони кои се по пристапни според цените на ноќевањата.

 

 


Тагови:

Слични вести