19 МАЈ – ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА АТАТУРК И ПРАЗНИК НА МЛАДОСТА И СПОР

19 мај 1919 е ден кога почна да се трасира патот што ќе води кон формирање на современа , секуларна турска држава потпирана на темелите на националниот суверенитет

68664
19 МАЈ – ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА АТАТУРК И ПРАЗНИК НА МЛАДОСТА И СПОР

Основополжникот на Република Турција своето дело „Говор„ во кое ја опишува народно ослободителната војна против окупаторите и револуцијата, ја започнува со следната реченица : „На 19 мај 1919 година пристигнав во Самсун.“ 19 мај 1919 година е ден кога турската нација се крена во востание против окупаторите. 19 мај 1919 година е датум кога започна турската народно ослободителна војна под водството на Мустафа Кемал Ататурк. Овој датум исто така е ден кога почна да се трасира патот што ќе води кон формирање на современа , секуларна турска држава потпирана на темелите на националниот суверенитет.

Сојузникот на Отоманската империја во Првата Светска војна Германија, беше поразена така да како резултат на тоа Анадолија дел по дел паѓаше под окупаторска власт. Отоманската Држава согласно договорот од Мондрос потпишан на 30 октомври 1918 година, дел по дел се окупираше од страна на сојузничките земји кои излегоа како победнички од Првата Светска Војна. Согласно еден друг член од договорот во исто време се одвиваше и распаѓањето на отоманските војски. Тоа фактички значеше губење на суверенитетот и независноста на турската нација, што беше незамисливо за Мустафа Кемал кој се спротивстави на оваа одлука и оружјето и муницијата од своите војски ги предаде на своите соработници и луѓе од доверба. Мустафа Кемал од фронтот тајно пристигна во Истанбул на 13 ноември 1918 година. Истиот ден во Истанбул допловија непријателските воени бродови и градот беше окупиран. Целта на Мустафа Кемал беше да замине во Анадолија и таму да го крене народот на бунт против окупаторите. Народот на кому му беше доста од репресалиите на окупаторските војски, почна да се собира околу движењето на отпорот наречено Kuvayi Milliye.

Пристаништето Самсун на Црното Море беше важен центар за окупаторите, како од стратегиски аспект така и од аспект на тоа што беше најбезбедната врата која се отвора кон Црното Море и Средниот Исток. Трпението на народот во Самсун и неговата околина беше при крај кога една англиска воена единица пристигна во градот. Истовремено Турците беа во постојан конфликт со Грците кои често ги провоцираа. Високиот англиски комесаријат незадоволен од оваа ситуација побара од Падишахот да ја смири ситуацијата во Самсун, што и беше сторено. Отоманската влада му нареди на Мустафа Кемал кој тогаш беше воен инспектор на 9. Армија да оди во Самсун и да воведе мир во градот. Мустафа Кемал доби наредба да го обезбеди мирот во Самсун и околината, да го собере оружјето и муницијата, да го спречи нелегалното наоружување на граѓаните и да ги ликвидира круговите и бандите кои беа вмешани во тоа. Оваа наредба на владата беше приликата која Мустафа Кемал ја очекуваше за да замине за Анадолија. На 16 мај 1919 година заедно со група офицери тргна од Истанбул за Самсун, каде пристигна 3 дена подоцна на 19 мај.

ПОДОБРО СМРТ ОТКОЛКУ ЗАВИСНОСТ

Мустафа Кемал пристигна во Самсун во моментот кога надежите за подобро утре на турскиот народ беа целосно исцрпени. Кога пристигна во Самсун Мустафа Кемал рече : Подобро да се умре отколку да се биде зависен. Тоа беше пресвртната точка во поновата историја на турскиот народ. Турскиот народ не можеше да поднесе ропство, а турската света земја не можеше да остане поробена. На 19 мај 1919 година повторно се роди нацијата која требаше да се уништи и да биде избришана од светската сцена. Народно ослободителната војна и револуцијата која започна на 19 мај 1919 година заврши на 30 август 1922 година со големата победа на турската војска над окупаторските војски. Мустафа Кемал секогаш имаше голема верба во силата на турската нација. Негова цел беше формирање независна турска држава која ќе се темели на суверенитетот на народот.

Војната која започна на 19 мај 1919 година не беше само војна против окупаторите и нивните соработници кои сакаа да ја распарчат Османлиската Империја и да завладеат на нејзините територии. Војната исто така се водеше и против империјализмот кој сакаше да завладее со целиот свет. Тоа беше војна која на турскиот народ под водството на Мустафа Кемал Ататурк му донесе независност и слобода и независна татковина ослободена од окупаторските сили.

Пет години по формирањето на модерна Република Турција на 20 јуни 1938 година беше донесена одлука 19 мај да се слави како национален празник. Ататурк кој многу ги сакаше младите и имаше голема доверба во нив изрази желба 19 мај да се слави како празник на младоста и спортот. 19 мај кој исто така е роденденот на Кемал Ататурк од 1981 година се слави и како ден на сеќавање на Ататурк и на неговите дела.

 


Тагови:

Слични вести