МУЗИКА МАГАЗИН АКТУЕЛНОСТИ 19-2014

Според истражувањето на Турскиот Завод за Статистика град со најсреќно население е Синоп каде 77 насто од жителите се изјасниле дека се среќни во својот живот

66876
МУЗИКА МАГАЗИН АКТУЕЛНОСТИ 19-2014

Според резултатите добиени од истражувањето на Турскиот Завод за Статистика во поголемите градови, град со најсреќно население е градот Синоп каде 77 насто од жителите се изјасниле дека се среќни во животот, додека град со најмал број на среќни луѓе е градот Тунџели со 42 насто . Истражувањето е спроведено во 125 000 семејства и со истото се опфатени граѓани на возраст од 18 до 59 години. Истото истражување покажа дека луѓето во брачна заедница се посреќни од ергените и тоа изразено процентуално во Синоп изнесува 80,5 насто. Синоп после ова истражување се најде во фокусот на вниманието на јавноста во Турција , така да многумина се прашуваат зошто во овој град има толку многу среќни луѓе.

Да фрлиме поглед на градот и да видиме што е она интересното што го привлекува вниманието на посетителите кои ќе влезат во овој град. Синоп географски се наоѓа на најистурената северозападна точка на Турција на ртот Бозтепе на брегот на Црното Море. Синоп со својата географска положба, прекрасната природа, долгите километарски песокливи плажи, чистата морска вода , густата шума која на места се протега се до брегот и гостољубивиот народ е како создаден за развој на туризмот. Ако се погледне на историјата на овој град првото нешто што ќе го привлече вниманието е тоа што во овој град бил роден Диоген познатиот антички мислител и филозоф. Еден ден Диоген на чешмата видел како дете пие вода од својата дланка и рекол: Господе благодарам што ме научи како да не користам непотребни предмети, како што е садот за пиење вода. Диоген е познат и по изреката : Слушај многу, зборувај малку. Синоп освен како роден град на Диоген е познат и по својата тврдина. Тврдината ја изградиле античките Грци а истата подоцна ја користеле Римјаните, Византијците и Османлиите. Античката тврдина во Синоп повеќе е позната како затворска кула. Во Синоп во османлиско време постоело бродоградилиште, од каде денеска се пружа прекрасна панорама на градот и околината.. Тврдината денес е пренаменета во туристички објект. Да направиме една музичка пауза за пак да продолжиме со опишување на Синоп.

ГРАДОТ ГО ДОБИЛ ИМЕТО СПОРЕД АМАЗОНСКАТА КРАЛИЦА СИНОПЕ

Освен со природните убавини градот Синоп се одликува и со богата историја од 6000 години. Во овој град живееле и управувале со него Хититите, Фригијците, Лидијците, Александар Македонски, Селеукос, Рим, Византија, Селџук и Османлиите. Во античкото време Синоп се наоѓал во границите на провинцијата Пафлагонија и тогаш бил познат по името Синопе. За Синопе има неколку легенди а според едната градот го добил името по амазонската кралица Синопе. Според другата Синопе се викала керката на Богот на Реките Асапос. Синоп извесно време бил престолнина на Понтуското Кралство а во византискиот и османлискиот период бил важно пристаниште. Црквата во Синоп позната како Балталар била изградена во 666 година пред нашата ера и претставува најубав примерот за византиската архитектура. Денес црквата е претворена во музеј каде што се поставени предмети од разните периоди, како што е бронзениот период, амфори од античките период, предмети од османлискиот период, икони од понтускиот период, римски лахити и статуи. Во дворот на музејот се наоѓаат темелите на светото место Серапис и турбето на Ајнали Кадин од 1335 година. Во Синоп постои и Етнографски Музеј кој исто така заслужува да се посети, потоа Алаадиновата Џамија изградена од страна на селџучкиот султан Алаадин Кејкубат и другите. Синоп има важно место и во поновата историја на Турција. Во овој град Мустафа Кемал Ататурк го објави латиничното писмо наместо арапското кое дотогаш се употребуваше . Со еден збор кажано овој град каде живеат најсреќните граѓани на Република Турција со насмевки на лицето ги пречекуваат домашните и странските гости, нудејќи им го своето гостопримство.

 


Тагови:

Слични вести