(ФОТОГАЛЕРИЈА) Турски граѓанин позитивен на Ковид-19 од Шведска донесен со амбулантен авион на лекување во Турција

Самира Ѓулушкен, ќерката на 47-годишниот Емруллах Ѓулушкен чиј тест и покрај тоа што бил позитивен на Ковид-19 не бил хоспитализиран да биде лекуван и бил вратен дома, во споделената видео порака преку социјалната медија побара помош со следните зборови: „Заедно со моето семејство живееме во Шведска. Татко ми пред 11 дена имаше висока температура и почна да чувствува потешкотии со дишењето, се загриживме, се обративме на лекар, но за жал не дојдоа и нѐ одбегнаа. Секојдневно се јавивме низа пати, меѓутоа никој не одговари на нашите повици.“   По ваквиот развој, министерот за здравство Фахреттин Коџа ја побара по телефон Самира Ѓулушкен и издаде инструкција да биде испратен во Шведска амбулантен авион за да бидат донесени во Турција нејзиниот 47-годишен татко заболен од Ковид-19 Емруллах Ѓулушкен и неговите 3 деца.

Турскиот граѓанин (47) кој живее во градот Малме, во Шведска и на кого и покрај тоа што му бил направен тест и бил позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не бил хоспитализиран да биде лекуван и бил вратен дома, заедно со своите 3 деца со амбулантен авион на Министерството за здравство е донесен во Турција.


Тагови: Турција , амбулантен авион , лекуван , хоспитализиран , новиот тип коронавирус , Ковид-19 , Шведска , Малме , турскиот граѓанин