Свечено пуштен во употреба тунелот Евроазија кој ги поврзува Европа и Азија под морето по магистрален пат

Со ставањето во употреба на овој грандиозен проект, тунел под морето, ќе се изнајде коренито решение за проблемот со интензивниот сообраќај во Истанбул и растојанието помеѓу двата брега на Истанбул од сегашните 100 минути ќе може да се помине за само 15 минути

Тунелот Евроазија кој што поминува под Босфорот и ги поврзува двата континента Европа и Азија под морето по магистрален пат свечено пуштен во употреба од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На церемонијата учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим и голем број поканети гости меѓу кои имаше и премиери, претседатели на држава и други угледни странски гости.

Со ставањето во употреба на овој грандиозен проект, тунел под морето, ќе се изнајде коренито решение за проблемот со интензивниот сообраќај во Истанбул и растојанието помеѓу двата брега на Истанбул од сегашните 100 минути ќе може да се помине за само 15 минути.

Делот 5,4 километри од тунелот Евроазија се состои од двоспратен тунел кој што е изграден под морското дно со специјална технологија и е поврзан со поврзувачки тунели со метро линиите низ Истанбул. На ист начин се завршени и работите за проширување и поправање на патот и во вкупна должина од 9,2 километри на европскиот и азискиот брег.

Тунелот Евроазија како еден од водечките инженерски проекти на светот ќе располага со развиен систем за 24 часовно безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Максималната брзина на возење во тунелот ќе изнесува 70 километри на час. 

За реализација на дизајнот на проектот, неговата изградба и концесионирањето во рок од 24 години и 5 месеци е задолжена фирмата А.Д. За изградба и инвестирање за тунелот Евроазија  (АТАШ), додека по завршување на рокот на концесионирање, стопанисувањето со тунелот Евроазија ќе премине во сопственост на државата.


Тагови: тунелот Евроазија , Босфорот , Европа и Азија , под морето , магистрален пат , Реџеп Тајјип Ердоган , пуштен во употреба , грандиозен проект , Истанбул , двоспратен тунел , морското дно , специјална технологија , метро линиите