Заврши евакуацијата од Алепо

Заврши евакуацијата на цивилите и припадниците на опозиционите сили од источен Алепо од каде што се вели дека заминале приближно 45 илјади лица

Заврши евакуацијата на цивилите и припадниците на опозиционите сили од источен Алепо од каде што беа однесени во безбедни области надвор од градот, под контрола на опозиционерите, а поготово во градот Идлиб.

Евакуацијата започна на 15 декември откако на иницијатива на Турција и Русија беше поситигнат договор за прекин на огнот помеѓу сирискиот режим и опозиционерите во чии рамки беа договорени и условите за евакуација.

Како што се истакнува Алепо го напуштија приближно 45 илјади цивили и припадници на опозиционите сили кои заминаа од источниот дел на градот со автобуси и приватни возила.


Тагови: евакуацијата , Алепо , источен Алепо , безбедни области , Идлиб , цивилите , опозиционите сили , Турција , Русија , сирискиот режим , опозиционерите , условите за евакуација