Погребот на Џорџ Флојд во Хјустон, Тексас, во САД низ фотографии

Погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициско насилство за време на неговото приведување од страна на полицијата на 25 мај со притискање на колено врз неговиот врат од страна на полицаец белец, се одржа во градот Хјустон во сојузната држава Тексас.

Пред погребот беа одржани комеморации во Минеаполис во сојузната држава Минесота кадешто Џорџ Флојд го загуби животот и во Редфорд во сојузната држава Северна Каролина, во неговото родно место.

На погребот на Флојд во градот Хјустон, во сојузната држава Тексас, кадешто го поминал поголемиот дел од својот живот, учествуваа неговото семејство, блиските и неколку стотини граѓани кои му оддадоа последна почит.

46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд во целиот свет стана симбол на жртвите на расизмот и полициското насилство во САД и во другите делови во светот, поради што почнаа да се одржуваат протести низ целиот свет кои што се уште продолжуваат и повремено стануваат сцена и на немири.

Тагови: Џорџ Флојд