(ФОТОГАЛЕРИЈА) Ќе се реставрира античкиот театар Перге кој датира од пред 2000 години

Во рамките на реставрацијата на античкиот театар Перге со капацитет од 7 илјади гледачи, кој се наоѓа во месноста Аксу во Анталија, наскоро ќе започнат проектните активности.
Првпат ќе биде реставриран театарот кој што располага со богата историја.
Античкиот град Перге и истоимениот амфитеатар кој се наоѓа во месноста Аксу во Анталија, кој во минатото беше престолнина на низа цивилизации почнувајќи од периодот Памфилија, заедно со античките театри Ефес и Аспендос располага со капацитет од околу 13 илјади гледачи.
За реставрацијата на античкиот театар кој датира од 2-от век, Министерството за култура и туризам одвои околу 3 милиони турски лири. Реставрацијата на театарот ќе се оствари од страна на Регионалната дирекција за мерење и цртање и споменици на Анталија.
Тагови: реставрира , античкиот театар Перге , датира од пред 2000 години