На денешен ден 13.11.

На денешен ден 1966 година, израелските војници поддржани од тенковите ја преминаа границата со Јордан и извршија напад врз селото Саму

1526834
На денешен ден 13.11.

 

На денешен ден 1966 година, израелските војници поддржани од тенковите ја преминаа границата со Јордан и извршија напад врз селото Саму кое броеше 4 илјади луѓе. Во нападот беа убиени стотици невини цивили.

 

1970... Ураганот Бола со брзина од 240 км на час го погоди Бангладеш. За само еден ден загинаа над 500 илјади лица. Ураганот се прифаќа за најголема природна катастрофа на 20-от век.

 

1985... Еруптираше вулканот Невадо дел Руиз во Колумбија. Снегот што го стопи вулканот предизвика градот Армеро да остане под кал. По одложувањето на одлуката за евакуација на градот од страна на владата, околу 25 илјади граѓани кои останаа под кал, ги загубија животите.

 

2015... Во различни населби на Париз беа доживеани терористички напади. Во нападите кои беа извршени од страна на приврзаниците на терористичката организација Ал Каеда загинаа 138 лица од кои 8 беа напаѓачи, додека 413 лица беа повредени.

 



Слични вести