На денешен ден 10.07.

1985... година, од страна на агентите на Француската разузнавчка служба (ДГСЕ) во пристаништето Окланд беше бомбардиран и потопен бродот „Rainbow Warrior“ на организацијата Гринпис

1452300
На денешен ден 10.07.

На денешен ден 1921 година започнаа битките кај Ќутахја-Ескишехир меѓу грчката окупаторска војска која ја окупираше Анадолија и турската војска. По офанзивата на грчката војка, турската војска се повлече источно од реката Сакарја. Во рамките на подготовките за Битката на Сакарја, Големото национално собрание на Турција на 5 август Мустафа Кемал Ататурк го назначи за „Врховен командант“ со неограничени овластувања.

 

1985 година, од страна на агентите на Француската разузнавчка служба (ДГСЕ) во пристаништето Окланд беше бомбардиран и потопен бродот „Rainbow Warrior“ на организацијата Гринпис. На крајот на спроведената истрага Франција беше принудена да признае дека саботажата беше извршена од страна на агентите на разузнавчка служба ДГСЕ.

 

1992 година, панамскиот диктатор Мануел Нориега беше осуден на казна затвор од 40 години поради криумчарење со дрога, а кој беше фатен и изнесен пред суд од страна на САД.

 

 

2015 година, на 83 година возраст од срцев удар умре познатиот египетски актер од либанско потекло Омар Шариф.

 



Слични вести