На денешен ден 18.03

На денешен ден 1915 година, Сојузничките држави (Антанта) кои сакаа да го окупираат Истанбул не можеа да го поминат морскиот теснец Чанаккале

1380079
На денешен ден 18.03

На денешен ден 1915 година, Сојузничките држави (Антанта) кои сакаа да го окупираат Истанбул и да ја изолираат Османлиската држава од Првата светска војна, своите воени бродови се обидоа да ги поминат преку морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите), но не успеаја во тоа. Обединетата флота на Британија и Франција, на крајот на нападот кој во историјата беше забележан како поморската Битка на Чанаккале (Дарданелите) на 18 март доживеаја тежок пораз. Турската војска потопи 3 оклопни бродови на обединетата флота, додека на 4 оклопни бродови им нанесе тешка штета така што ги изолира од битката. Сојузничките држави откако утврдија дека морскиот теснец Чанаккале не ќе може да се помине само со бродови, донесоа одлука за окупурање на Гелиболу (Галиполе). На тој начин на 25 април почнаа со истоварување на своите војници.

 

1962... Опорот којшто го започна Националниот ослободителен фронт на Алжир во 1954 година и граѓанската војна што избувна веднаш по овој настан, заврши со договорот којшто беше постигнат меѓу Франција и претствниците на движењето на народниот отпор. Во 8 годишната граѓанска војна во Алжир загинаа околу 250 илјади Алжирци. Независноста на Алжир беше прогласена на 5 јули.

 

1992... На референдумот за уставните амандмани со кои се бараше признавање на еднаквите граѓански права на црнците во Јужна Африка учествуваа само белци.



Слични вести