На денешен ден 16.03.

На денешен ден 1919 година Сојузничките држави (Антанта) официјално го окупираа Истанбул

1378662
На денешен ден 16.03.

На денешен ден 1919 година Сојузничките држави (Антанта) официјално го окупираа Истанбул, престолнината на Османлиската Империја. Окупаторските сили во раните утрински часови извршија напад на воената касарна Шехзадебаши и ги убија невооружените војници. Во нападот загинаа 4, а 10 војници беа повредени.

 

1921... По Првата Битка на Инени и победата која што беше извојувана, меѓу Владата на Големото Национално Собрание на Турција и Советска Русија беше потпишан Московскиот договор. Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) со потпишувањето на овој договор официјално ја призна Владата на Анкара.

 

1968... Американските војници во рамките на Виетнамската војна извршија истовремени напади на селата Ми Лај, Ми Ке и Сон ми во кои убија 347 цивили. Овој настан во историјата беше забележан како Масакрот кај Ми Лај и освен еден војник, никој не беше казнет. Истиот ден, американскиот претседател Џонсон донесе одлука за испраќање уште 50 илјади војници во Виетнам.

 

1988... Ирачката војска изврши напад со хемиски гас вр градот Халабча на северот на земјата. Во нападот загинаа околу 5 илјади лица, а над 10 илјади цивили беа повредени. По соборувањето на Садам Хусејин, беше формиран Високиот кривичен суд на Ирак кој „Масакрот во Халабча“ го призна за геноцид.

 



Слични вести