На денешен ден 04.03.

На денешен ден 1193 година во Дамаск на 55 годишна возраст умре Салахадин Ејуби (Сала ад-Дин Јусуфе)

1371360
На денешен ден 04.03.

На денешен ден 1193 година во Дамаск на 55 годишна возраст умре Салахадин Ејуби (Сала ад-Дин Јусуфе), султанот на Египет и Сирија, основач на државата на Ајубидите. Салахадин Ејуби со Битката кај Хатин го поврати Ерусалим и ја оконча 88 годишната окупација од страна на Крстоносците.

 

1923... Заврши Економскиот конгрес во Измир кој беше одржан по инструкцијата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот и првиот претседател на Република Турција. На конгресот беше усвоена одлука економскиот модел на републичкиот поредок на Турција да биде мешовит модел кој ќе се заснова на меѓусебната соработка на државниот и приватниот сектор.

 

1964... На барање на Турција, ОН усвоија резолуција за испраќање Мировни сили на Кипар. Мировните сили на Кипар на 27 март започнаа со задачата.

 

1981... Аташето за труд Решат Морали и верскиот службеник Теџели Ари на РТ во Париз беа изложени на вооружен напад на ерменската терористичка организација АСАЛА. Аташето Решат Морали загина на лице место, додека Теџели Ари еден ден по нападот.



Слични вести