На денешен ден 28.02.

На денешен ден 1953 година беше потпишан Балканскиот пакт меѓу Турција, Грција и Југославија

1368027
На денешен ден 28.02.

На денешен ден 1953 година беше потпишан Балканскиот пакт меѓу Турција, Грција и Југославија. Со потпишувањето на пактот трите земји усвоија одлука за унапредување на воената соработка со што се предвидуваше намалување на притисокот на СССР врз Балканот.

 

1986... Во вооружен напад загина шведскиот премиер Улоф Палме кој заедно со сопругата и децата одеше во кино во Стокхолм. Атентатот врз социјалдемократскиот политичар Палме никогаш не беше обелоденет и не беа утврдени идентитетите на убијците.

 

1991.. По започнувањето на копнена операција на САД во рамките на Првата Заливска војна, Ирак потпиша примирје со сојузничките земји. Со примирјето беше окончана ирачката окупација на Кувајт која траеше 6 месеци 25 дена.

 

1997... Советот за национална безбедност на Турција по 9 часовниот состанок усвои 18 членови со кои започна таканаречениот 28 февруарски процес.

 

2015... На 92 годишна возраст во Истанбул умре турскиот писател Јашар Кемал кој ги напиша класичните дела „Инџе Мемед“ и „Јер демир Ѓок Бакир“.



Слични вести