На денешен ден 18.02.

На денешен ден 1451 година султанот Фатих Мехмет Втори Освојувачот по вторпат седна на престолот

1361409
На денешен ден 18.02.

На денешен ден 1451 година, по смртта на татко му султанот Мурат Втори,  султанот Фатих Мехмет Втори Освојувачот по вторпат седна на престолот. Султанот Мехмет Втори кога седна на престолот имаше 19 години.

 

1564... На 89 годишна возраст умре Микеланџело, еден од најголемите уметници на ренесансата.

 

1856...  Беше прогласен указот односно реформскиот кат Хатихумајун со кој се предвидуваа коренити реформи во Османлиската Држава како што се заштита на правата на сите народи и народности, формирање нови политички и бирократски установи. Со указот Хатихумајун на малцинствата им беа признати големи привилегии поради што не го предизвика саканиот ефект кај Османлиската Управа.

 

1952... Големото национално собрание на Турција го ратификуваше членството во НАТО. На 21 септември 1951 година, Турција заедно со Грција беа повикани да станат членки на НАТО. По усвојувањето на одлуката од страна на Големото национално собрание на Турција, на 21 февруари Турција официјално стана членка на Северноатлантскиот пакт.

 



Слични вести