На денешен ден 12.02.

На денешен ден 1912 година од престолот во Кина беше соборен 6 годишниот император Пу Ји и во земјата беше прогласена Републиката

1358015
На денешен ден 12.02.

На денешен ден 1912 година од престолот во Кина беше соборен 6 годишниот император Пу Ји и во земјата беше прогласена Републиката. На тој начин заврши 2000 годишната кинеска империја.

 

1959... Се одржа Втората Конференција во Лондон на која беа разгледани предлозите од Конференцијата во Цирих за формирање на Кипарската Република и гаранторските права. На конференцијата што се одржа под покровителство на британскиот премиер Харолд Максимилијан учествуваа премиерот Аднан мендерес и грчкиот премиер Константин Караманлис, д-р Фазил Ќучук и архиепископот Макариос.

 

1999... Американскиот претседател Бил Клинтон од страна на Сенатот беше ослободен од обвиненијата поради лажење во случајот Моника Левински и обид за спречување на правдата.

 

2002... Поради обвинението за вршење злосторство против човештвото, првпат пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг излезе поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ. Против Милошевиќ се водеа 66 посебни кривични постапки, а умре во 2006 додека му траеше судењето.

 



Слични вести