На денешен ден 11.02.

На денешен ден 1990 година, заврши 27 годишната казна затвор на Нелсон Мандела

1357587
На денешен ден 11.02.

На денешен ден 1990 година, заврши 27 годишната казна затвор на Нелсон Мандела во затворите на островот Робен и Полсмор. Мандела кој важи за симбол на отпорот против апартхејдот во Јужна Африка и беше лидер на Африканскиот национален конгрес, на изборите во 1994 година беше избран за претседател на земјата и го оконча режимот на Апартхејдот.

 

2006... Германските археолози во археолошкиот локалитет Ѓобеклитепе кај Шанлиурфа ги открија првите примитивни знаци на денешното писмо кои претставуваат најстар информативен систем на човештвото. Локалитетот Ѓобеклитепе се наоѓа на 22 км североисточно од Шанлиурфа , во близината на селото Оренџик и тоа е најстаро култно станбено место на светот. Изградбата на населено место Ѓобеклитепе датира од пред 11 600 години и истото се наоѓа на Списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.

 

2011... Како последица на протестите и демонстрациите што започнаа на плоштадот Тахрир во Каиро, египетскиот претседател Хосни Мубарек кој 30 години со земјата управуваше со железна тупаница, беше принуден да поднесе оставка.



Слични вести